Драгор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Инфокутија за река

Драгор (поранешно име: Макофро)[1][2]река која тече низ Битола. Настанува од повеќе помали реки. Изворишниот дел го чинат повеќе водотеци што извираат од падините на Пелистер и тоа: Сапунчица, Лак Поток, Црвена Pека и Клисурица. Во горните планински делови Драгорот минува низ селата Дихово и Братин Дол, а во долните делови сред Пелагонија (надморска височина од 576 м), се влева во Црна Река 1 км северозападно од селото Новаци.

Драгор во 1902 г. на осмалиска разгледница

Вкупната должина на Драгорот изнесува 25 км, со обем на вододелницата од 67 км, слив од 188 км2 и среден пад од 17,0%. Максимални месечни водостои и протоци реката Драгор има во април и мај поради пролетните врнежи и топењето на снегот на Пелистер, додека од јули до септември се jaвyвa минимум водостоj.

Само горниот тек на Драгорот има добар квалитет и биолошка разновидност. Од Битола до утоката во Црна Река Драгорот е без никаков жив свет поради индустриско загадување на водата.

Во 1896 коритото на Дрaгoрот низ центарот на градот било регулирано со кejoви во должина од 3,5 км., длабоки повеќе од 4 м, и потоа со мостови и камени каскади.

Во 1962 градот бил поплавен и се стравувало дека ќе се случи катастрофа, доколку се случеше прелевање на водата која достигнала ниво до мостовите во градот. Сосема спротивно од тоа, во октомври 1966 се случило коритото да е сосема суво. Поради ваквите случаи, од 1983 со изградбата на доводниот собирен канал на води за Стрежевското Езеро се регулира нивото на водата во речното корито на Драгорот.

Галерија

Наводи

  1. Lorenzo Bernardo (1999-08-12). „15, Macofro, presently known as Dragor“. Robert Elsie. Посетено на 2013-05-1. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Lorenzo Bernardo (1999-08-12). „Oпис на патувањето на венецијанскиот пратеник Лоренцо Бернардо низ Mакедонија, во 1591 год“. Гл. иН и, XВ/1, Скопје, 1971 год.,. Посетено на 2013-05-1. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link)