Долгата кампања на Јанош Хунади
|
Долгатата кампања на Јанош Хунади се однесува на војната предводена од страна на Кралство Унгарија на чело со Јанош Хунади и Кралство Полска на чело со Владислав III од Полска против Османлиското Царство. Војната траела од 22 јули 1443 година до 25 јануари 1444 година.
Христијанската војска битките ги започнала во Буда. Таа била составена од унгарски, полски, чешки, германски војници, главно составена од пешадија и коњаница. Подоцна кон христијанскиот сојуз се приклучиле и околу 10.000 Срби. Сепак, за ова не постои точен извор.
Првата битка се случила кај Крушевац, каде Османлиите биле поразени. Јанош Хунади ја преминал Трајановата порта, и по заземањето на Софија го поразил султанот Мурат II во Смаим. Зимата која следувала го принудела на кралот да се повлече кон своите земји.