Диња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диња
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Rosids
Ред: Cucurbitales
Семејство: Cucurbitaceae
Род: Cucumis
Вид: C. melo
Подвид: C. melo subsp. melo
Сорта: C. melo var. cantalupensis
Триномен назив
Cucumis melo var. cantalupensis[1]
Naudin
Синоними

Cucumis melo var. reticulatus Naudin[1]

Дињата е едногодишна билка. Припаѓа на фамилијата Cucurbitacae, каде припаѓаат и лубеницата, тиквата и краставицата.

Потекло[уреди | уреди извор]

Дињата по потекло е од Азија и Африка. Се култивира и користи како храна повеќе од 4000 години.

Плод[уреди | уреди извор]

Диња во село Трубарево

Плодот на дињата е жолтопортокалов, сочен, со благ вкус и карактеристична арома. За јадење е добра потполно зрела диња. Дињата се јаде свежа, исечена на парчиња и е одлично освежување во летните месеци. Но, од дињата се прават и овошни салати, компоти, џемови, сокови. Се користи плодот, коренот и семето.

Нутритивна вредност[уреди | уреди извор]

Диња
 Rockmelon from Australia
and its cross-section
Хранлива вредност на 100 г
Енергија141 kJ (34 kcal)
8,16 г
Шеќери7,86 г
Влакна0,9 г
0.19 г
0,84 г
Витамини
Витамин А (екв.)
(21 %)
169 μг
(19 %)
2.020 μг
26 μг
Тиамин 1)
(4 %)
0,041 мг
Рибофлавин 2)
(2 %)
0,019 мг
Ниацин 3)
(5 %)
0,734 мг
Пантот. кис. 5)
(2 %)
0,105 мг
Витамин Б6
(6 %)
0,072 мг
Фолна кис. 9)
(5 %)
21 μг
Холин
(2 %)
7,6 мг
Витамин Ц
(44 %)
36,7 мг
Витамин К
(2 %)
2,5 мг
Минерали
Калциум
(1 %)
9 мг
Железо
(2 %)
0,21 мг
Магнезиум
(3 %)
12 мг
Манган
(20 %)
0,41 мг
Фосфор
(2 %)
15 мг
Калиум
(6 %)
267 мг
Натриум
(1 %)
16 мг
Цинк
(2 %)
0,18 мг

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла. Од витамини содржи многу каротин (2000 милиграми), витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали, дињата е богата со

  1. калиум (320 милиграми),
  2. фосфор,
  3. магнезиум,
  4. калциум,
  5. железо,
  6. цинк
  7. бакар.

Дињата содржи висок процент вода и многу малку калории. Како и другото овошје, дињата не содржи масти и холестерол. Енергетската вредност во 100 gr диња изнесува '24 kcal.' Во семето на дињата има вода, водородни соединенија, фитини и масни киселини.

Употреба[уреди | уреди извор]

Ниту едно друго овошје не е покарактеристично за летниот период повеќе од лубеницата. Таа е одличен извор на калиум, но дињата содржи скоро трипати повеќе калиум од лубеницата. Својата портокалово-жолтеникава боја, дињата ја добива од бета-каротенот, кој е моќен антиоксиданс. Бета каротинот помага во борбата против ракот, а според некои последни истражувања се користи и во лечење на други типови на злоќудни болести.Затоа, дињата се смета дека е и антиканцерогено овошје.

  • Дињата помага при лекување на разни болести, но и при заштита на кожата од изгореници.
  • Во народната медицина дињата се користи за смирување и освежување. Водата и калиумот од ова овошје ја подобруваат работата на бубрезите и помагаат во отстранувањето на штетните материи од организмот.
  • Дињата е природен лек за детоксикација на организмот.
  • Дињата во народната медицина се користи и против камен во бубрег, при убод од инсекти и изгореници, при заболувања на желудникот и цревата. Помага при воспаление на жолчните и мочните патишта, при пореметено варење на храната.
  • Сокот од диња, поради големата количина на антиоксиданси, му помага на организмот да се бори против штетните слободни радикали, кои ја оштетуваат кожата. Дињата и сокот од дињата штитат и од сончеви изгореници.
  • Облози од сок од диња се користат за намалување на болката. На болното место се ставаат облоги од исцеден сок од диња или од изрендана диња.
  1. 1,0 1,1 „Taxon: Cucumis melo L. subsp. melo var. cantalupensis Naudin“. Germplasm Resources Information Network (GRIN). United States Department of Agriculture, Agricultural Research Service, Beltsville Area. Архивирано од изворникот на 2014-12-09. Посетено на 2010-12-09.