Прејди на содржината

Дикембе Мутомбо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дикембе Мутомбо
Мутомбо во 2012 година
Лични информации
Роденјуни 25, 1966(1966-06-25)
Киншаса, ДР Конго
Починат30 септември 2024(2024-09-30) (возр. 58)
Атланта, Џорџија, Соединети Држави
НационалностКонголец / Соединетодржавец (натурализиран)
Заведена висина7 ст 2 ин (2.18 м)
Заведена тежина260 lb (118 kg)[1]
Информации за кариера
Средно училиштеИнститут „Бобото“ (Киншаса, ДР Конго)
ФакултетЏорџтаун (1988–1991)
НБА1991 / Рунда: 1 / Избор: 4-ти севкупно
Избран од Денвер Нагетс
Играчка кариера1991–2009
ПозицијаЦентар
Број55
Историјат на кариера
19911995Денвер Нагетс
19962000Атланта Хокс
20002001Филаделфија Севентисиксерс
2002Њу Џерси Нетс
2003Њујорк Никс
20042008Хјустон Рокетс
Истакнати мигови и награди во кариерата

)

  • 2× Трета петорка од цела НБА (1997

, 2001 )

, 1996 , 1997 , 2000 )

, 1997 , 2000 )

  • 3× Втора петорка од цела НБА (1994

, 1998 , 2001 )

)

Статистика од кариерата во НБА
Поени11,729 (9.8 по натп.)
Скокови12,359 (10.3 по натп.)
Блокови3,289 (2.8 по натп.)
Член во Куќата на славните како играч

Дикембе Мутомбо Мполондо Мукамба Жан-Жак Вамутомбо[2] (роден на 25 јуни 1966 - 30 септември 2024), скратено Дикембе Мутомбо, ― конгоанско професионален кошаркар со државјанство од Соединетите Држави, кој последно играл за Хјустон Рокетс во НБА. Тој бил најстариот играч во НБА лигата во неговата последна сезона.

2.18 метри вискоиот и 120 кила тешкиот центар често се спомнува како еден од најдобрите блокери и одбранбени играчи на сите времиња, освојувајќи ја Наградата за најдобар одбранбен играч четири пати. На 10 Јануари, 2007 година, тој го помина Карим Абдул-Џабар како втор најадобар блокер, според бројот на блокади во кариерата и е на второ место на сите времиња зад Хаким Олајџувон. Тој е член на етничката група Луба и зборува англиски, француски, шпански, португалски, тшилуба и четири други африкански јазици. Во вториот натпревар од првата рунда во плеофот од 2009 година, Мутомбо се здоби со повреда на коленото која го отстрани од терените за понатамошните плејоф натпревари. Набргу после повредата, Мутомбо објави дека го одиграл својот последен НБА натпревар.

Мутомбо најпрвин планирал да стане лекар, студирајќи на Универзитетот Џорџтаун на УСАИД школарина. Тренерот на Џорџтаун Хојас, Џон Томпсон, го регрутирал да игра кошарка.[3][4] Тој зборувал многу малку англиски кога првин пристигнал во Џорџтаун и студирал во ЕСЛ програмот.[5][6] Стана одличен колеџ центар, продолжувајќи ја традицијата на Џорџтаун да произведува одлични центри. Тој беше славен блокер на Џорџтоун, поставувајќи го тимскиот рекорд од дванаесет блокади на еден натпревар.[7] Градејќи ја играта на блокадната моќ на Мутомбо и неговиот соиграч Алонзо Морнинг, навивачите на Џорџтаун го создаа Одбивачки ред секцијата под кошот, додавајќи голема силуета од исправена рака на банерот за секоја блокада во текот на натпреварот.[8]

Додека беше во Џорџтаун, меѓународното путекло и интересите на Мутомбо се истакнаа. Како и многу други колеџ студент од околината на Вашингтон, тој служеше како летен стажант, еднаш за Конгресот на САД и еднаш за Светската Банка.[9] Во 1991 тој дипломира со диплома во лингвистика и дипломатија.[10][11]

НБА кариера

[уреди | уреди извор]

Денвер Нагетс (1991–1996)

[уреди | уреди извор]

Избран како четврти играч на драфтот од Денвер Нагетс во 1991 НБА Драфт,[12] влијанието на Мутомбо беше моментално. Како руки, тој беше избран за екипата на сите ѕвезди и имал просек од 16,6 бода, 12,3 скока и речиси три блокади по натпревар. Како темел во рекетот, Мутомбо стана еден од најдобрите одбранбени играчи, редовно постигнувајќи голем број на скокови и блокади во тек на пет години со просек од околу 11 бода по натпревар. На екипата и недостигале квалитетни играчи, па така најголем број на победи во една сезона беше 42. Во третата сезона на Мутомбо, сепак, Денвер приреди огромно изненадување со победата над првите носители Сиетл Суперсоникс во првото коло, со што станаа првиот тим кој како осми носител успеал да добие разигрувачка серија во НБА.[13] На крајот на петтиот натпревар, Мутомбо падна на земјата, држејќи ја топката над својата глава во момент на радост.[14] Дефанзиввната игра на Мутомбо беше клуч за изненадувањето И неговите вкупно 31 блокади е рекорд за серија од пет натпревари и до ден денес.[15] Следната сезона, тој ја прими наградата за Најдобар одбранбен НБА играч.

Атланта Хоукс (1996–2001)

[уреди | уреди извор]

По 1995-96 НБА сезона, договорот на Мутомбо со Денвер истече и тој потпиша договор како слободен агент со Атланта Хоукс.[16][17] Мутомбо продолжи да прикажува одлични одбранбени бројки со новиот тим.[18][19] Со потпишувањето со Атланта стана позабележителен, што му помогна да освои уште две награди Дефанзивен Играч на Годината и заработи избор во неколку Најдобри-Одбранбени тимови. Исто така стана познат по своето препознатливо нишање на прстот, којшто ќе го посочи кон противничкиот играч после изблокиран шут на тој играч.[20] За време на скратената 1999 сезона поради локаут, тој ја освои ИБМ наградата на НБА, која се дава на играч преку компјутеризирана формула.

Филаделфија севентисиксерс (76ки) (2001–2002)

[уреди | уреди извор]

Атланта го заменила Мутомбо во водечката екипа во Источната Конференција, Филаделфија, во февруари 2001 година за нивниот повреден центар Тио Ретлиф,[21] бидејќи на Филаделфија им требал добар, силен играч за да им парира на моќните Владе Дивац, Тим Данкан, Дејвид Робинсон или Шекил О'Нил од Западната Конференција ако успеат да стигнат до финалето.[22] Тој ја освои наградата за Одбранбен Играч на Годината по четврти пат и се пласира во НБА финалето, каде што Филаделфија изгуби од Лос Анџелес Лејкерс со четири натпревари спрема еден. Како слободен играч тој повторно потпиша со Филаделфија по сезоната.[23] Иако неговата статистика беше слична на онаа од 2001-02 сезона, Филаделфија го продадоа на Њу Џерси Нетс,[24] плашејќи се дека неговата игра се влошува.

Њу Џерси Нетс (2002–2003)

[уреди | уреди извор]

Њу Џерси бараа посилен висок играч кој ќе се носи со Шекил О’Нил и Тим Данкан,[25] двајца од најдобрите високи играчи во лигата коишто предводеле екипи од шампински калибар на Западот. Но Мутомбо поголемиот дел од сезоната го поминал со измачувачка повреда која што го ограничи на само 24 натпревари.[26] Тој воглавно не беше во можност да игра во Плејофот, обично служејќи како шести играч во второто последователно финале на Њу Џерси.[27]

Њујорк Никс (2003–2004)

[уреди | уреди извор]

Во Октомври 2003 година, Њу Џерси го исплатија остатокот од неговиот договор И веднаш после тоа го отпуштија.[28] Тој потпиеша двогодишен договор со Њујорк Никс неколку дена потоа.[29] Њујорк понатаму го размени во Чикаго Булс во пакет за Џамал Крафорд.[30] Тој никогаш не заигра за Чикаго и тие го продадоа на Хјустон Рокетс во претсезоната 2004 година.[31]

Хјустон Рокетс (2004–2009)

[уреди | уреди извор]

Јао Минг и Мутомбо формираа една од најпродуктивните центарски двојки во лигата. Во својата прва сезона во Хјустон (2004-05) Мутомбо имал просек од 15,2 минути, 5,3 скокови и 4 бода по натпревар. Хјустон изгубија во првото коло од Далас Маверикс. Во 2007-08 сезона, Мутомбо повторно доби забележителна минутажа кога Јао Минг се здоби со скршена коска и имал двоцифрен просек на скокови како стартер. Додатната минутажа му овозможи на Мутомбо да продолжи да реди блокади во рекордно темпо. На 10 Јануари, 2008 година, во 102-77 уништувањето на Лос Анџелес Лејкерс, Мутомбо забележа 5 блокади и го помина Карим Абдул-Џабар во вкупниот број на блокади во кариерата. Мутумбо е втор зад Хаким Олајџувон.[32] Исто така, на 2 Март 2007 година, во поведата над Денвер Нагетс, на возраст од 40 години, Мутомбо стана најстариот играч во историјата на НБА да забележи повеќе од 20 скока на натпревар со 22.[33]

После размислувањето за пензионирање и поминувајќи го првиот дел од 2008 како непотпишан, незабранет, слободен агент, на 31 Декември 2008 година, Мутомбо потпиша со Хјустон Рокетс за остатокот од 2008-2009 сезона. Тој изјави дека 2009 сезона ќе проштална турнеја и негова последна.[34]

Во првиот натпревар на Хјустон од првото коло во плејофот против Портланд, Мутомбо одигра 18 минути и имал 9 скока, две блокади и одземена топка.[35]

Во втората четвртина од вториот натпревар, Мутомбо паднал незгодно и морал да биде однесен од теренот. По натпреварот, тој изјави, “завршено е за мене за мојата кариера” И дека е потребна операција.[34][36] Подоцна беше потврдено дека квадрицепсната тетива на неговото лево колено беше скината во вториот натпревар.[37] Мутомбо објави дека се понзионира на 23 Април, 2009 година, после 18 сезони во НБА.[36]

Профил на играч

[уреди | уреди извор]

2,18 метри високиот и 120 килограми тешкиот Мутомбо играл како центар, каде што бил сметан како еден од најдобрите одбранбени играчи во рекетот на сите времиња. Наречен Мт. Мутомбо (мт = планина), неговата комбинација од висина, сила и долги раце го одведе до поделба на рекордот од 4 награди за НБА Одбранбен Играч на годината, заедно со Бен Валас. Столбови на одбранбената маестралност на Мутомбо била неговата огромна моќ за скокови и блокади: во неговата кариера тој имал просек од 2,8 блокади И 10,3 скока по натпревар. Тој е на второ место по регистрирани блокади, зад само Хаким Олајџувон[38] и е 20от најдобар скокач на сите времиња.[39] Тој иисто така беше осумкратен Ол-Стар и беше избран во три Се-НБА и шест Се-Одбранбени тимови.[40] Заедно со неговата одбранбена мајсторија, Мутомбо знаеше и да придносе во нападот имајќи просек од најмалку 10 бода по натпревар сè до неговата 35 година.[40]

Мотомбо исто така се стекна со одредено ниво на злогласност на теренот. После успешна блокада, тој беше познат по подбивањето со противниците со нишање на показалецот, како родител кој го прекорува непослушното дете. Подоцна во неговата кариера судиите му даваа техничка грешка за неспортски потег. За да ја избегне техничката, Мутомбо започна да го ниша прстот кон публиката, што не се смета за побдивање по правило.[41] Исто така, неколку НБА играчи биле повредени од неговите размавтани раце, вклучувајќи ги Мајкл Џордан, Денис Родман, Чарлс Оукли, Патрик Јуинг, Чонси Билапс, Реј Ален, Јао Минг, Леброн Џејмс и Трејси Мекгрејди. Неговиот поранешен соиграч Јао Минг се пошегува за тоа: “Треба да позборувам со Тренерот да го изостави Дикембе од тренинзите, бидејќи ако удри некого на тренинг, тоа е наш соиграч. На натпреварите шансите се барем 50/50”.[42]

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Мутомбо и неговата жена Роуз имаат седум деца,[43] од кои четири се посвоени од починатите браќа на Роуз.[44][45]

Повеќејазично воспитан и образуван, Мутомбо зборува англиски, француски, шпански, португалски И 5 африкански јазици. Доби награда за почесен Доктор за Хуманитарност од Државниот Универзитет од Њујорк Колеџ во Кортланд за неговата хуманитарна работа во Африка. Неодамна, Мутомбо доби почесен докторат од Универзитетот Џорџтаун во 2010 година. Таму тој го одржа повикот за отпочнување на Џорџтаун Колеџот за Уметност и Науки, на којшто тој е бивш студент.

Унукот на Мутомбо, Хароуна Мутомбо игра колеџ кошарка за Вестерн Керолајна Кетамаунтс (Западна Каролина) Хароуна го предводеше тимот во бодови во 2009 сезона и беше назначен за Новак на Годината во Јужната Конференција.[46]

Хуманитарна работа

[уреди | уреди извор]

Како познат хуманитарец,[47] Мутомбо ја започна Дикембе Мутомбо Фондацијата за да ги подобри условите за живот во неговата замја на потекло Демократска Република Конго во 1997 година. За неговиот труд се здоби со НБА наградата, Џ. Волтер Кенеди Држављанство во 2001 и 2009 година. За неговите подвизи, Sporting News го именува како еден од “Добрите Момци во Спортот” во 1999 И 2000 година[48] и во 2000 година беше избран како еден од 20 победници за наградата Претседателска Служба, највисокиот државен чин за волонтерска служба.[48] Во 2004 година, тој учествувал во програма Кошарка Без Граници, во која што НБА ѕвезди како Шон Бредли, Малик Роуз и Деcагана Диоп патуваа ширум Африка да го шират зборот за кошарка и да ја подобрат инфраструктурата.[48] Тој исто така плати за дресовите и за трошоците на Заирската женска кошаркаска екипа за време на Стогодишнината на Олимписките игри во Атланта 1996 година.[48] Мутомбо е говорник за меѓународната агенција за помош КАРЕ (грижа) и е првиот Млад Пратеник за Програмата за развој на Обединетите нации.[45]

Во чест на неговата хуманитарност, Мутомбо беше поканет на Повикот кон Унијата на Џорџ В. Буш и беше именуван како “син на Конго” од Претседателот во неговиот говор.[49] Мутомбо подоцна изјави, “Моето срце се исполни со радост. Не знаев дека Претседателот ќе изјави толку убави работи за мене.”[50]

На 13 Април, 2011 година, Џон Хопкинс Блумберг Училиштето за Јавно Здравство го награди Дикембе Мутомбо со Гудермот Хуманитарната Награда “за неговите напори да ја намали болеста полио во светот како и неговата работа во подобрувањето на здравјето на запоставените популации во Демократската Република Конго.[51] Мајкл Џ. Клаг, декан на Блумберг Училиштето за Јавно Здравство изјави “Г-дин Мутомбо е победник на многу начини - на теренот и како хуманитарец: Неговото дејствување го подобри сдравјето на луѓето од Демократската Република Конго и Биамба Мари Мутомбо Болницата и Центарот за Истражување се пример за регионот. Исто така, Г-дин Мутомбо се покажа клучен во борбата против детска парализа со зајакнувањето на напорите за вакцинација и овозможувајќИ третман на жртвите од болеста.[51]

Биамба Мари Мутомбо Болница

[уреди | уреди извор]

Во 1997 година, Мутомбо заедно со Фондацијата Мутомбо започна планови да отвори 29 милиони долари во вредност болница со 300 кревети, на периферијата од неговиот роден град, главниот град на Конго, Киншаса. Темелот беше ставен во 2001 година, но изградбата не започна до 2004 година бидејќи Мутомбо имал проблем со добивањето донации на почетокот иако самиот тој лично донира 3,5 милиони долари кон изградбата на болницата.[45] На почетокот Мутомбо имал други потешкотии, речиси губејќи го земјиштето од страна на владата затоа што не се употребувало и потребата д аим плати на избеглиците коишто направиле фарма да си заминат. Тој исто така имал потешкотии да разубеди некои дека нема скриени или политички мотиве за проектот.[45] Сепак, проектот во целина беше добро примен од сите општествени и економски нивоа во Киншаса.[45]

На 14 Август, 2006 година, Дикембе донира 15 милиони долари за завршувањето на изградбата на болницата и за свеченото отворање на 2 Септември, 2006 година. Болницата го доби името Бианба Мари Мутомбо Болница, по неговата почината мајко, која почина од инфаркт во 1997 година.[52]

Кога започна со работа во февруари 2007 година, 29 милиони долари вредниот објецт стана првиот модерен здравствен објект изграден во околината во скоро 40 години.[53] Неговата болница е на површина од 49,000 метри квадратни на периферијата на Киншаса во Масина, каде што околу четвртина од 7,5 милиони жители на крадот живеат во сиромаштија. Се наоѓа неколку минути од аеродромот во Киншаса и во близина на раздвижен пазар на отворено. Болницата има целосни телемедицински можности со САД и Европа преку мрежа основана од Медицински Мисии за Деца.

Државен Уставен Центар

[уреди | уреди извор]

Тој служи на Одборот на Доверители на Државниот Уставен Центар во Филаделфија, кој е музеј во чест на Американскиот Устав.[54]

Резиме на кариерата и најголеми достигнувања

[уреди | уреди извор]
  • 4 пати НБА Одбранбен Играч на годината: 1995,1997,1998, 2001
  • 8 пати НБА Ол-Стар: 1992, 1995, 1996, 1997, 1998, 2000, 2001, 2002
  • 3 пати Се-НБА:
  • Втор тим: 2001
  • Трет тим: 1998, 2002
  • 6 пати Се-Одбранбен
  • Прв тим: 1997, 1998, 2001
  • Втор тим: 1995, 1999, 2002
  • НБА Се-Руки Прв Тим: 1992
  • 2 на сите времиња по бројот на блокади, 3256
  • 2 пати водач во регуларната сезонана НБА, просек на скокови: 2000 (14,1), 2001 (13,5)
  • 4 пати водач во регуларната сезонана НБА, вкопно скокови: 1995 (1029), 1997 (929), 1999 (610), 2000 (1157)
  • Водач во регуларната сезона на НБА, скокови во напад: 2001 (307)
  • 2 пати водач во регуларната сезона на НБА, скокови во одбрана: 1999 (418), 2000 (853)
  • 3 пати водач во регуларната сезона на НБА, просек на блокади: 1994 (4,1), 1995 (3,9), 1996 (4,5)
  • 5 пати водач во регуларната сезона на НБА, вкопно блокади: 1994 (336), 1995 (321), 1996 ( 332), 1997 ( 264), 1998 (277)
  • Просек во кариерата (до Март 2008 година): 9,9 бода, 10,4 скока, 2,7 блокади по натпревар
  • Поканет да биде специјален гостина на повикот кон Унијата на Џорџ Буш, пофален за неговата хуманитарна помош во својата земја.
  • Најстар играч во историјата на НБА со преку 20 скока во натпревар (2 март 2007 година против „Денвер Нагетс“)

Во 2015 година, Мутомбо бил примен во кошаркарската „Куќа на славните“, во Спрингфилд, Масачусетс. По објавувањето на веста, тој изјавил: „Ова за мене претставува остварување на сонот, иако додека растев и се развивав не размислував сериозно за кошаркарската кариера. Мојата цел беше да студирам медицина и да им помагам на луѓето“.[55]

  1. „Dikembe Mutombo“. NBA Stats. Посетено на 30 септември 2024.
  2. Dikembe Mutombo Архивирано на 5 септември 2012 г.. basketball-reference.com
  3. Tam, Eva (November 7, 2013). „Dikembe Mutombo on Life After the NBA“. Wall Street Journal. Посетено на March 3, 2016.
  4. Vivlamore, Chris (September 10, 2015). „Mutombo's humanitarian efforts greater through basketball“. The Atlanta Journal-Constitution. Посетено на March 3, 2016.
  5. Moran, Malcolm (March 1, 1990). „Strong Hoya Defense Defeats Connecticut“. The New York Times. Посетено на March 3, 2016.
  6. Heath, Thomas (April 6, 1995). „Beyond hoop dreams“. The Washington Post. Посетено на March 3, 2016.
  7. Powell, Shuan (September 10, 2015). „Mutombo: Protector of the paint and his homeland“. NBA. Посетено на March 3, 2016.
  8. Davis, Ken (February 12, 1989). „Georgetown Has an Impenetrable Wall With Mourning, Mutombo“. Hartford Courant. Посетено на March 3, 2016 – преку Los Angeles Times.
  9. Love, Lawrence (November 20, 2009). „Man Cannot Fly in the House of Mutombo“. GQ. Посетено на March 3, 2016.
  10. „Basketball Star Dikembe Mutombo on Sports, Leadership“. United States Department of State. Посетено на March 3, 2016.
  11. Jolley, David (October 22, 2022). „Dikembe Mutombo has always made things better … on and off the court“. Times Leader.
  12. Goldaper, Sam (June 28, 1991). „The Final Word on Draft: Trades“. The New York Times. Посетено на March 3, 2016.
  13. „Eighth-Seeded Nuggets Upset Sonics“. NBA. Архивирано од изворникот на June 29, 2007. Посетено на March 3, 2016.
  14. Schaller, Jake (April 22, 2009). „Mutombo memories“. The Gazette. Архивирано од изворникот на March 7, 2016. Посетено на March 3, 2016.
  15. „Denver Nuggets A to Z: Dikembe Mutombo“. NBA. August 13, 2014. Посетено на March 3, 2016.
  16. „Hawks Get Big With Mutombo“. Los Angeles Times. Associated Press. July 16, 1996. Посетено на March 3, 2016.
  17. „Shot-blocking Star Mutombo Goes To Hawks“. Chicago Tribune. July 16, 1996. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на March 3, 2016.
  18. „Detroit Pistons at Atlanta Hawks Box Score, April 25, 1997“. Basketball-Reference.com. Посетено на February 3, 2022.
  19. „1997 NBA Eastern Conference Semifinals - Hawks vs. Bulls“. Basketball-Reference.com. Посетено на February 3, 2022.
  20. Pierce, Damien (November 17, 2006). „Mount Mutombo“. NBA. Архивирано од изворникот на February 10, 2012. Посетено на April 2, 2016.
  21. Smith, Stephen A. (February 23, 2001). „Sixers Land Mutombo, But Not Without Cost“. The Philadelphia Inquirer. Посетено на March 3, 2016.
  22. „Mutombo traded to Sixers in six-player deal“. ESPN.com. Associated Press. February 23, 2001. Посетено на March 3, 2016.
  23. „76ers trade C Mutombo to Nets“. United Press International. August 6, 2002. Посетено на March 3, 2016.
  24. Wise, Mike (August 7, 2002). „Nets Get Mutombo From 76ers For Van Horn and MacCulloch“. The New York Times. Посетено на March 3, 2016.
  25. „Nets' Mutombo Sidelined“. Los Angeles Times. December 4, 2002. Посетено на November 27, 2022.
  26. Robbins, Liz (December 5, 2002). „BASKETBALL; Mutombo Injury Leaves Nets Unsettled“. The New York Times. Посетено на June 11, 2022.
  27. Robbins, Liz (December 14, 2002). „PRO BASKETBALL; Scott and Mutombo Try to Clear the Air“. The New York Times. Посетено на October 27, 2022.
  28. Popper, Steve; Robbins, Liz (October 5, 2003). „Nets Will Buy Out Mutombo's Contract“. The New York Times. Посетено на March 3, 2016.
  29. „Knicks Make Mutombo Their Center“. Los Angeles Times. Associated Press. October 10, 2003. Посетено на March 3, 2016.
  30. „Guard comes to NY in six-player swap“. ESPN.com. August 6, 2004. Посетено на March 3, 2016.
  31. Blinebury, Fran (September 7, 2004). „Bulls' Mutombo: Trade to Rockets a done deal“. Houston Chronicle. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на March 3, 2016 – преку Chicago Tribune.
  32. „Howard scores 23, Mutombo has five blocks in Rockets' win“. ESPN. January 11, 2007. Посетено на September 12, 2023.
  33. „Elias Says ...“. ESPN.com. March 3, 2007. Посетено на October 11, 2009.
  34. 34,0 34,1 „Knee injury may end Mutombo's career“. ESPN.com. Associated Press. April 22, 2009. Посетено на March 3, 2016.
  35. „Rocker 108, Blazers 81 Box Score“. ESPN.com. Посетено на October 11, 2009.
  36. 36,0 36,1 McTaggart, Brian (April 22, 2009). „Mutombo suffers career-ending knee injury in Portland“. The Houston Chronicle. Посетено на October 11, 2009.
  37. „Mutombo bids farewell after 18 seasons“. ESPN.com. Associated Press. April 24, 2009. Архивирано од изворникот на March 6, 2016. Посетено на March 3, 2016.
  38. „NBA All-Time Blocks Leaders“. ESPN.com.
  39. „Career Leaders and Records for Total Rebounds“. basketball-reference.com. Архивирано од изворникот на July 4, 2011. Посетено на October 11, 2009.
  40. 40,0 40,1 „Dikembe Mutombo Statistics“. basketball-reference.com. Архивирано од изворникот на September 5, 2012. Посетено на October 11, 2009.
  41. Feigen, Jonathan (January 13, 2007). „NBA signs off on Mutombo's finger wave“. Houston Chronicle. Посетено на October 11, 2009.
  42. „McGrady's OK to play Tuesday vs. Warriors“. Houston Chronicle. December 5, 2006.
  43. „NBA legend: 'We need to go save our mothers, sisters, grandmas'. NBC News (англиски). Посетено на 19 August 2021.
  44. Smith, Sam (March 17, 1996). „House Of Mutombo Full Of Kids--and Love“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на March 3, 2016.
  45. 45,0 45,1 45,2 45,3 45,4 Nance, Roscoe (August 16, 2006). „Mutombo helps Congo take a big step forward with new hospital“. USA Today. Посетено на October 11, 2009.
  46. „Player Bio: Harouna Mutombo“. catamountsports.com. Архивирано од изворникот на July 8, 2011. Посетено на October 11, 2009.
  47. Zillgitt, Jeff (22 May 2018). „NBA Hall of Famer Dikembe Mutombo wins Sager Strong Award for humanitarian work in Congo“. USA Today. Посетено на 17 May 2020.
  48. 48,0 48,1 48,2 48,3 „Dikembe Mutombo Info Page“. NBA. Архивирано од изворникот на July 22, 2010. Посетено на September 21, 2010.
  49. „President Bush Delivers State of the Union Address“. whitehouse.gov. January 23, 2007. Архивирано од изворникот на May 2, 2013. Посетено на January 24, 2007.
  50. „Dikembe Mutombo stands tall with Bush(video)“. AfricaHit.com. January 24, 2007. Архивирано од изворникот на July 22, 2011. Посетено на February 6, 2007.
  51. 51,0 51,1 Wood-Wright, Natalie (April 14, 2011). „Bloomberg School Awards Goodermote Humanitarian Award to Dikembe Mutombo“. Johns Hopkins Bloomberg School of Public Health.
  52. „Mutombo's hospital dream about to come true“. Houston Chronicle. Архивирано од изворникот на September 10, 2007.
  53. Празен навод (help)
  54. „National Constitution Center, Board of Trustees“. National Constitution Center Web Site. National Constitution Center. July 26, 2010. Архивирано од изворникот на June 15, 2010. Посетено на July 27, 2010.
  55. „Мутомбо меѓу бесмртните“, Утрински весник, година XVI, број 4754, среда, 8 април 2015, број, стр. 23.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]