Волче Наумчески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Волче Наумчески

Волче Наумчески (Прилеп, 18 јануари 1916 - Скопје, 20 март 1980) — македонски писател. Автор е на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија, стихозбирката „Иди пролет“, испечатена во Битола во 1939 година.[1]

Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно знаме“ и „Седумдесет цветови“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во 1934 година се зачленил во „Трезвена ложа“. Од 1935 година бил активен член на Културно-просветното друштво „Абрашевиќ“ во Прилеп. Во тој период ја напишал и својата прва песна „Молитва“. Во 1939 година му е објавена првата стихозбирка „Иди пролет“.

Во 1940 година бил мобилизиран во војската на Кралска Југославија. Како војник за време на Априлската војна, на 9 април 1941 година, бил заробен од Германците кај Ниш и одведен во Бугарија, во логорот во Драгоман и Сливница. По ослободувањето живее во Софија, а во септември 1941 година се враќа во Прилеп. Учествувал во оружената акција на 11 октомври и станал борец на Прилепскиот партизански одред. Кога се растурил одредот, во декември 1941 година одново заминува во Софија. Во 1943 година повторно заминува во партизани и објавува стихови за борбата.

По војната работел во МВР, во одделот за агитација и пропаганда.

За своите залагања во НОВ е одликуван со Орден на храброст, Орден за заслуги за народ и Орден на трудот. Од областа на литературата, во 1968 година ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра книга за деца за таа година. Добитник е и на наградата „11 октомври“ за животно дело.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1028-1029 стр.
  2. oldprilep

Надворешни врски[уреди | уреди извор]