Веселбурен (амт)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црковна парохиска општина Веселбурен (германски: Kirchspielslandgemeinde Wesselburen) — поранешна општинска заедница во округот Дитмаршен, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. На 25 мај 2008 година била споена со општинската заедница Црковната парохиска општина Бизум и градот Веселбурен и ја создале општинската заедница Бизум-Веселбурен. Нејзиното седиште било во Веселбурен, иако самиот град не бил дел од општинската заедница.

Општинската заедница Црковна парохиска општина Веселбурен се состоела од следниве општини:

  1. Фридрихсгабеког
  2. Хелшен-Херингзанд-Унтершар
  3. Хилгрофен
  4. Нордајх
  5. Естервурт
  6. Рајнсбител
  7. Шилп
  8. Штрибел
  9. Зидердајх
  10. Веселбуренер Дајхаузен
  11. Веселбуренерког

Координати: 54°13′01″ N; 8°55′01″ E / 54.217° СГШ; 8.917° ИГД / 54.217; 8.917