Туминец

Координати: 40°53′58″N 20°56′21″E / 40.8994° СГШ; 20.9391° ИГД / 40.8994; 20.9391
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Безмишта)
Туминец
Тuminec / Kallamas
село
Поглед на Туминец преку заливот Завир
Поглед на Туминец преку заливот Завир
Карта
Земја Албанија
ОбластГорица
ОпштинаПустец
Општ. един.Пустец
Надм. вис.&10000000000000850000000850 м
Население (2007)
 • Вкупно950−1.000
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Свети Александар на живопис во пештарната црква „Св. Марена“ кај Туминец.

Туминец (албански: Kallamas, но офиц. Tuminec) — село во Мала Преспа, денес во општината Пустец од Горичката област, Албанија. Се проценува дека селото има 950-1000 жители (проц. 2007),[1] што претставува значителен пораст од заведените 658 жители во 2000 г.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанското Езеро, а на северниот брег на заливот Завир. Сместено е недалеку од граничниот премин „Стење-Горица“, иако најблиското село во Македонија е Коњско, со кое го дели истиот полуостров. Туминец е второ село по големина во Мала Преспа со околу 800 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Ова е релативно ново село. Порано имало друго, Старо Село, што се наоѓало јужно од сегашното, но поради надоаѓањето на водата, селото било потопено. Уште понајуг се наоѓа манастирот „Св. Марена“ — единствена црква посветена на оваа светица. Жителите на ова село се староседелци, и сите се Македонци со православна вероисповед.

Некаде по Втората светска војна, селото е преименувано во Безмиште (Bezmisht). Во 1970 г. му е дадено ново албанско име Каламас (Kallamas), изведено од поимот kallam што значи „трска[2]. Во 2013 г. е повратено изворното име Туминец (Tuminec) со официјалниот повраток на топонимијата во општината Пустец.[3]

Економија[уреди | уреди извор]

Населението од Туминец се занимава со риболов, сточарство, земјоделство, лозарство и правење ќумур.

Демографија[уреди | уреди извор]

Населението брои 800. Жителите на ова село се староседелци и сите се Македонци со православна вероисповед.

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото живеат православни Македонци од следните родови:

  • Андоновци
  • Вурмовци
  • Јанкуловци
  • Кацериновци
  • Келепуровци
  • Митревци
  • Милевци
  • Мишовци (Трајчевци)
  • Поповци
  • Ставревци
  • Суљовци
  • Темелковци
  • Трифуновци
  • Шулевци

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бело, Раки. Селищни имена в Мала Преска - Албания, во: Македонски преглед, ХХХ, №3, стр.135.
  2. kallam,-i, Албанско-македонски речник — офф.нет
  3. „Pas Pustecit, edhe 7 fshatra të Korçës me emertime maqedonase“. Info Arkiv. 17 април 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 29 октомври 2016.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


40°53′58″N 20°56′21″E / 40.8994° СГШ; 20.9391° ИГД / 40.8994; 20.9391