А-мол
Релативна скала | це-дур |
---|---|
Паралелна скала | а-дур |
Доминантна скала | е-мол |
Субдоминанта | де-мол |
Составни тонови | |
A, B, C, D, E, F, G, A |
А-мол — молска скала што започнува од тонот A, со нотите А, Б, Ц, Д, Е, Ф и Г. Нејзиниот клучен предзнак нема снижувалки и повишувалки. Нејзината релативна дурска скала е це-дур, а паралелна скала е а-дур. Секоја молска скала има релативна дурска скала и се добива, кога се движиме три тона нагоре (интервал мала терца) од зададената скала.
Природната молска скала на A е: A, B, C, D, E, F, G, A.
Хармонски вид на а-мол скала се добива кога ќе го повишиме тонот на 7-мо стапало. Во случајов тој тон е сол или g, кој станува gis (G#), кога му се става повишувалка или диез. Тоновите на скалата се: A, B, C, D, E, F, G#, A.
Мелодиски вид на а-мол скала се добива кога ќе го повишиме тоновите на 6-то и на 7-мо стапало. Во случајов тие тонови се: фа или f и сол или g, кој стануваат fis и gis (F#, G#) кога им се става повишувалка или диез. Тоновите на скалата се: A, B, C, D, E, F#, G#, A. Единствена напомена кај овој вид на скала е, кога се движиме надолу скалата се изведува во природен вид.
Позначајни дела во а-мол
[уреди | уреди извор]- Јохан Себастијан Бах
- Концерт за виолина во а-мол, BWV1041
- Лудвиг ван Бетовен
- Виолинска соната бр. 4, оп. 23
- Гудачки квартет бр. 15, оп. 132
- Багатела во а-мол „За Елиза“
- Јоханес Брамс
- Двоен концерт, оп. 102
- Фредерик Шопен
- Шарл Валентен Алкан
- Прелудиум оп. 31 бр. 10 „Во стил на фуга“
- 12 етиди во сите молови, оп. 39/1 „Како ветрот“
- Франц Лист
- Едвард Григ
- Концерт за пијано, оп. 16
- Јохан Непомук Хумел
- Концерт за пијано бр. 2, оп. 85
- Густав Малер
- Феликс Менделсон
- Волфганг Амадеус Моцарт
- Соната за пијано бр. 8, K. 310
- Соната за пијано бр. 11, K. 331 / 300i
- Камиј Сен-Санс
- Вовед и рондо капричозо, оп. 28
- Концерт за виолончело бр. 1, оп. 33
- Франц Шуберт
- Соната за пијано бр. 4, D. 537
- Соната за пијано бр. 14, D. 784
- Соната за пијано бр. 16, D. 845
- Соната Арпеџоне, D. 821
- Роберт Шуман
- Гудачки квртет, оп. 41/1
- Виолинска соната бр. 1, оп. 105
- Концерт за пијано, оп. 54
- Концерт за виолончело, оп. 129
- Николо Паганини
- Јан Сибелиус
- Ралф Вон Вилијамс
- Димитриј Шостакович
- Виолински концерт бр. 1, оп. 99
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор] Дијатонски скали и тоналитети
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во табелата е укажан бројот на снижувањата и повишувањата во секоја скала. Молските скали се означени со мала буква. |