Повишувалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Повишувалка пред нотата во првата празнина на нотниот систем.
Двократна повишувалка пред нотата во првата празнина на нотниот систем.

Повишувалка или диез[1] (♯) — музички предзнак кој означува подигање на тоновите пред него за еден полустепен. На имињата на вака подигнатите тонови се додава наставката -ис. На пример цис (повишено це), дис (повишено де), еис (повишено e) и така натаму.

Во нотниот запис исто така има потреба некој тон да биде двапати повишен, т.е. повишен за цел степен. Во таа прилика се користи двократна повишувалка која се означува или со тесно поврзување на две повишувалки (без допир) или со крст што личи на детелина со четири листа. Тоналитетите во чии предзнаци се појавуваат овие повишувалки не се практични и затоа многу ретко се среќаваат вон теоријата на музиката.

Запис[уреди | уреди извор]

Знакот главно се пишува на таков начин што површината оградена со неговите четири линии го оградува местото на тонот што се повишува. Во рамките на нотниот систем, тој е во празнината, односно на линијата. А вон системот, потребно е да се исцртаат помошни линии, како што би се правело за ноти.

Употреба[уреди | уреди извор]

Постојат две можни употреби на овој знак:

  • Пред клучот или на местото на промената на тоналитетот, овој знак означува повишување на секој следен тон кого го опфаќа, до следната промена на тоналитетот.
  • Во рамките на тактот, овој знак означува повишување на секој следен тон опфатен со него, но само до крајот на тактот.

Наводи[уреди | уреди извор]


Музичка нотација
Нотен систем предзнацитакттактица
Ноти помошни линииточкаснижувалкаповишувалкаразрешувалкапаузалигатура
Kлучеви виолинскиалтовскибас-клуч
Предлошка:Бар теорија на музиката