Асен Василев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асен Василев
Министер за финанси
На должноста
Стапил
6 јуни 2023
Претходник Росица Велкова-Желева
Лични податоци
Роден(а) 9 септември 1977
Хасково, Бугарија
Партија Продолжуваме со промената

Асен Васков Василев (бугарски: Асен Васков Василев) — бугарски политичар, економист и претприемач. Тој е соводач на Продолжуваме со промената, политичко движење што го основал заедно со Кирил Петков.[1]

Од 6 јуни 2023 година ја извршува функцијата министер за финансии на Република Бугарија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден на 9 септември 1977 година во Хасково. Завршил средно училиште во родниот град. Бил примен и последователно дипломирал економија на Универзитетот Харвард, а потоа дипломирал бизнис администрација и право на Факултетот за бизнис и право на Универзитетот Харвард.[2][3]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Од 1999 до 2004 година работи како консултант во „Монитор груп“ во САД, Канада, Европа и Јужна Африка. Води маркетинг и стратешки развојни проекти за големи меѓународни компании во телекомуникациите, енергијата, рударството, осигурувањето и голем број големи индустрии на стоки за широка потрошувачка.[4]

Тој е ко-основач и претседател на Everbread, компанија за цени на авионски билети. На 6 август 2014 година компанијата е прогласена во ликвидација. Според податоците од англискиот трговски регистар во процесот на ликвидација останале незадоволни доверители за 8,7 милиони фунти.[5]

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Во 2013 година беше министер за економија, енергетика и туризам во техничката влада на Марин Рајков. Од 12 мај до 16 септември 2021 година беше министер за финансии во техничната влада на Стефан Јанев.

На 19 септември 2021 година заедно со Кирил Петков и Даниел Лорер го претставуваат својот нов политички проект „Продолжуваме со промената“.[6][7]

На 13 декември 2021 година беше избран за вицепремиер и министер за финансии во кабинетот на Кирил Петков. По владината криза од јуни 2022 година тој го доби мандатот на „Продолжуваме со промената“ од претседателот Румен Радев за формирање нова влада, но го врати нецелосен поради недостиг на поддршка од 121 пратеници.

Од 6 јуни 2023 година ја извршува функцијата министер за финансии на Бугарија во владата на Николај Денков.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nick Thorpe (17 November 2021). „Bulgarian election: Kiril Petkov, Assen Vassilev, a battle-bus and a brand new party“. BBC. Посетено на 31 January 2022.
  2. „Кой е Асен Василев – служебен министър на финансите“ (бугарски). DarikNews. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help); no-break space character во |title= во положба 19 (help)
  3. „Кой е служебният финансов министър Асен Василев“ (бугарски). Евроком.
  4. „Асен Василев, министър на икономиката, енергетиката и туризма в служебното правителство – визитка“ (бугарски). Агенция Фокус. 12 март 2013. Занемарен непознатиот параметар |accsess-date= (help)
  5. „EVERBREAD LIMITED filing history – Find and update company information – GOV.UK“. find-and-update.company-information.service.gov.uk (англиски). Посетено на 2023-04-25. no-break space character во |title= во положба 33 (help)
  6. Петков и Василев представиха „Продължаваме промяната“, очакват „коалиция на почтените“, dnevnik.bg, 19 септември 2021 г.
  7. „Кирил Петков и Асен Василев правят партия? Да обобщим фактите“. Дойче Веле. 30 август 2021.