Артур Ч. Кларк

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Артур Кларк)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сер Артур Ч. Кларк
Clarke sm.jpg
Артур Ч. Кларк во неговата канцеларија во Колумбо, Шри Ланка, 28 Март 2005
ЗанимањеАвтор
НационалностБританец
ДржавјанствоСАД и Шри Ланка
ЖанрНаучна фантастика]]
ПредметНаука
Значајни делаChildhood's End
2001: A Space Odyssey
Rendezvous with Rama
The Fountains of Paradise
Сопруг/аМерлин Мејфилд (1953-1964)
мрежно место
http://www.clarkefoundation.org/

Сер Артур Чарлс Кларк бил англиски писател на научна фантастика и пронаоѓач.

Кларк е најпознат по неговиот научнофантастичен роман 2001 година: Вселенска одисеја и заради неговата соработка со режисерот Стенли Кубрик во истоимениот филм. Заедно со Роберт Хајнлајн и Исак Асимов бил вбројуван во „Големата тројка“ на научната фантастика во ХХ век. Напишал повеќе од 100 книги за науката, вселената и иднината, со идеи кои дадоа значаен придонес во развојот на некои современи технологии. Тој е меѓу првите кои предлагале употреба на систем од геостационирни сателити како комуникациска мрежа.

Наречен „Пророк на вселенското време“, британскиот писател на научна фантастика Артур Ч. Кларк изумил и предвидел неколку концепти клучни за современо ползување на вселената. Највлијателна била неговата теорија во 1945 год. дека геостационарните сателити што ја обиколуваат Земјата еднаш дневно може да се употребуваат за комуникација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Мајнхед Самерсет во Англија. По завршувањето на средното училиште заради материјални причини не можел да си дозволи универзитетско образование, па се вработил како ревизор во едно од министерствата на тогашната влада. Во текот на Втората светска војна служел во РАФ како радарски техничар и учествувал во изградбата на првиот систем за рано тревожење. По војната дипломирал на Кралскиот Колеџ во Лондон, а во 1948 магистрирал математика и физика.

Се оженил со Американката Мерилин Мејфилд (Marilyn Mayfield) во јуни 1953. но веќе во декември истата година се развеле. Подоцна изјавил: „Тоа беше клучен доказ дека јас не сум за брак. Но мислам дека секој човек мора и тоа да проба барем еднаш во животот“.

Сер Артур Чарлс Кларк

Негов најголем придонес во науката е идејата за користење на геостационарни сателити како комуникациони релеи. Меѓународна астрономска унија ја нарекла геостационарната орбита (42.000 km) Кларкова орбита во негова чест.

Во 1951. го напишал кусиот расказ Стражарот (енгл. The Sentinel) и го испратил на еден БиБиСи-ев книжевен натпревар. Расказот бил оценет од комисијата како многу слаб и не е објавен. Меѓутоа, во 1964. токму тој расказ претставува јадро за неговото најпознато дело, кое е и екранизирано во соработка со режисерот Стенлиј Кјубрик - 2001: Одисеја во вселената (филмската премиера била во 1968). Иако на корицата на книгата не се наоѓало името на Кјубрик, Кларк често говорел дека на книгата требало да пишува дека нејзини автори се Артур Кларк и Стенли Кјубрик, а на филмот како автори да бидат наведени Стенли Кјубрик и Артур Кларк.

Од 1956. година живеел во Коломбо на Шри Ланка. 1988. му е дијагностициран пост полио синдром и оттогаш бил прикован за инвалидска количка. Британската кралица Елизабета II во 1998. година го прогласила за витез.

Во својот тестамент Кларк изречно нагласил дека за неговиот погреб не е дозволен „апсолутно никаков религиски обред од која и да било вероисповед.“