Апокалипса денес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Апокалипса денес“
ApocalypseNowposter.jpg
Режисер Френсис Форд Копола
Продуцент Френсис Форд Копола
Сценарист Џон Милиус
Френсис Форд Копола
Мајкл Хер
Настапуваат Марлон Брандо
Роберт Дувал
Мартин Шин
Фредерико Форест
Алберт Хол
Сем Ботомс
Лауренс Фишборн
Денис Хопер
Музика Кармин Копола
Френсис Форд Копола
Кинематографија Виторио Стотаро
Монтажа Ричард Маркс
Волтер Мурх
Џералд Б. Гринберг
Лиза Фрухтмен
Студио Omni Zoetrope
Дистрибутер United Artists
Премиера мај 10 1979 (1979-05-10) (Кански)
август 15 1979 (1979-08-15) (САД)
Времетраење 153 минути
Држава САД
Јазик Англиски
Буџет $31.5 милиони
Бруто заработка $150 милиони

Апокалипса денес (англиски: Apocalypse Now) е американски филм од 1979 година, во режија на Френсис Форд Копола. Главните улоги ги толкуваат: Мартин Шин, Марлон Брандо, Роберт Дувал, Харисон Форд, Скот Глен и Денис Хопер. Филмот освоил вкупно 22 награди и имал уште 30 други номинации. Во 1979 година, филмот освоил две награди на Канскиот фестивал („Златна палма“ и „FIPRESCI“). Во 1980 година, филмот добил две награди „Оскар“, и тоа за најдобра кинематографија и за најдобар звук. Истата година, филмот освоил и три награди „Златен глобус“ (за најдобар режисер, најдобро сценарио и најдобра машка споредна улога); две награди на „БАФТА“ (Копола за најдобра режија и Дувал за најдобра машка споредна улога); две награди „Греми“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

За време на војната во Виетнам, полковникот Вилард (Мартин Шин) добива задача да го убие полковникот Курц (Марлон Брандо), кој се одметнал од армијата и вовел диктатура во едно зафрлено, но нетутрално место во Камбоџа. Вилард, за својата мисија, му се приклучува на морнарскиот патнични брод, под команда на "Шефот". "Шефот" е придружен од Ленс, "Чеф" и г-дин "Клин". Тензиите растат кога "Шефот" ги поставува другите цели над целите над Вилард, исто така Вилард верува дека го води морнарскиот патнични брод. Една нок, екипажот стигнува кај американскиот До Ланг мост и се принудени да продолжаат откако не можаат да го најдаат командантот. Во меѓувреме, Вилард добида повеќе информации за Курц и истиот ден се случуваат две трагедии каде што г-дин "Клин" и "Шефот" се убиени во еден напад. Вилард е принуден да продолжи со останатиот екипаж и стигнува во седиштето на Курц. Вилард е приведен од Курц, затворен и мачен неколку дена. За тоа време, Курц го учи Вилард на некои работи и му кажува разни теории. Потоа, Вилард е ослободен и се здобива со право на контрола на логорот. Курц, знаејќи дека ќе умре, го замолува Вилард, по неговата смрт, да му каже на неговиот син за него. Вилард, спремен да ја заврши својата мисија, се опремува со голем нож и за време на церемонија, скришно влегува во логорот на Курц и го убива самиот Курц. Вилард потоа го напуштува седишето на Курц заедно со Ленс, единствениот преживеан од екипажот на морнарскиот патнични брод.

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]