Антонен Арто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Антонен Арто
Antonin Artaud
Antonin Artaud 1926.jpg
Антонен Арто
Роден/аАнтоан Мари Жозеф Арто
4 септември 1896(1896-09-04)
Марсеј, Франција
Починат/а4 март 1948(1948-03-04) (воз. 51 г.)
Иври-сир-Сен, Франција
Занимањепоет, есеист, глумец, режисер и писател
Националностфранцуска
ПериодXX век
Книжевно движењенадреализам
Значајни делаТеатарот и неговиот двојник

Антоан Мари Жозеф Арто, попознат како Антонен Арто (француски: Antoine Marie Joseph Paul Artaud), (Марсеј, 4 септември 1896Иври-сир-Сен, 4 март 1948) – француски драматург, поет, есеист, глумец и театарски режисер,[1] познат како еден од главните фигури на театарскиот дваесетти век и европската авангарда.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Антонен Арто роден е на 4 септември 1896 година во Марсеј, Франција.[3] Неговите родители Еуфразија Налпас и Антоан-Рој Арто биле жители на Смирна (денешен Измир) и тој бил под големо влијание на неговото грчко потекло.[3] Мајка му родила девет деца, но само две, покрај Антоан, го преживеале детството. Кога имал четири години, Арто имал тежок случај на менингитис, заради што имал раздразлив темперамент во текот на младоста. Исто така боледувал од невралгија, пелтечење и тешки напади на клиничка депресија.

Неговите родители организирале долги низи престојувања во санаториуми за нивниот темпераментен син, кои долго траеле и биле скапи. Тоа траело пет години, со пауза од два месеци во јуни и јули 1916 година, кога Арто бил регрутиран во француската војска. Тој бил отпуштен од војска, наводно, заради месечарење. Во текот на своето лечење во санаториумот ги прочитал Артур Рембо, Шарл Бодлер и Едгар Алан По. Во мај 1919 година, директорот на санаториумот му препишал лауданум на Арто, спрема кој и спрема други опијати, Арто створил доживотна зависност.

Театар на свирепоста[уреди | уреди извор]

Арто верувал дека театарот треба да биде снага за ослободување на човечката потсвест и откривање на човекот спрема себеси. Тој повикал на „заедница меѓу глумецот и публиката во магичниот егзорцизам; комбинација на гестови, звуци, необични сцени и осветлувања, за да формира јазик, супериорен над зборовите, кој може да се користи да подрива во мислите и логиката и да ги шокира гледачите давајќи им поглед во нискоста на неговиот свет.[4]

Во неговата книга „Театарот и неговиот двојник“, која ги содржела првиот и вториот манифест на „Театарот на свирепоста“, Арто го изразил своето одушевување кон источните облици на театар, особено на Бали. Во еден момент, тој навел дека под свирепост не мислел исклучиво на садизам и предизвикување болка, туку често насилната, физичка одлучност да ја разбие лажната реалност. Тој верувал дека текстот бил тиранин над значењето и се залагал, наместо тоа, за театар направен од единствен јазик, на пола пат меѓу мислите и движењата. Арто ја опишал духовноста во физичка смисла и верувал дека сите театри се физички изразени во просторот.

Театарот на свирепоста е створен со цел да му го врати на театарот страсниот и конвулзивен концепт на животот, и во таа смисла, насилната строгост и екстремната кондензација на сценски елементи за да може да се сфати свирепоста во кои се заснова. Оваа свирепост, која ќе биде крвава кога е тоа неопходно, но не системска, може на тој начин да се идентификува со некој вид на тешка морална чистота која не се плаши да му ја плати на животот цената која мора да биде платена.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Poetry Foundation - Antonin Artaud
  2. "Antonin Artaud". britannica.com. Енциклопедија Британика. 
  3. 3,0 3,1 John Wakeman, World Authors, 1950-1970: A Companion Volume to Twentieth Century Authors
  4. Antonin Artaud | French author and actor | Britannica.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]