Прејди на содржината

Андонис Самарас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андонис Самарас
Αντώνης Σαμαράς
Водач на опозицијата
 Грција
На должноста
Стапил/ -а
30 ноември 2009
Претходник Јоргос Папандреу
Наследник нема
Нова демократија
На должноста
Стапил/ -а
30 ноември 2009
Претходник Костас Караманлис
Наследник нема
Министер за економија и финансии
На должноста
2 јули 1989 – 12 октомври 1989
Министер за надворешни работи
На должноста
23 ноември 1989 – 16 февруари 1990
Претходник Јоргос Папуљас
Наследник Јоргос Папуљас
На должноста
11 април 1990 – 13 април 1992
Претходник Јоргос Папуљас
Наследник Константинос Мицотакис
Министер за култура
На должноста
8 јануари 2009 – 7 октомври 2009
Претходник Михалис Лијапис
Наследник Павлос Геруланос
Лични податоци
Роден(а) 23 мај 1951
Грција
Националност Грк
Партија Нова демократија
Деца Лена, 18; Костас, 11
Живеалиште Грција
Образование Амхерст Колеџ
Занимање политичар
Професија економист
Вероисповед Православен христијанин
Портал http://www.samarasantonis.gr

Андонис Самарас (грчки: Αντώνης Σαμαράς) (роден на 23 мај 1951 во Атина , Грција) е грчки политичар и поранешен министер за надворешни работи од 1989 до 1990 и од 1990 до 1992.

Самарас е силен противник на идејата зборот Македонија да се содржи во името на Република Македонија, и поради тоа ја напуштил владата на Мицотакис во 1992, односно поради несогласувањето со неjзината попустлива политика. Тој е голем противник на какви било преговори со Република Македонија.

Самарас е пратеник во Европскиот парламент од Европската Народна Партија[1]

Од 8 јануари 2009 тој е повторно назначен за министер, овој пат како министер за култура.[2] Бил министер за култура до ноември 2009.

Според Антонис Самарас, Република Македонија во иднина нема да постои како самостоjна држава.[3] Исто така, тој тврди дека ЕУ нема да ја принудува Грција да го признае уставното име на Република Македонија.[4]

На 29 ноември 2009 избран е за престседател на грчката партија Неа Демократиа[5][6]. На 20 јуни 2012 Андонис Самарас станал премиер на Грција.

  1. ↑ Биографиjа Архивирано на 2 февруари 2009 г. и негови прашања во парламентот (дански)
  2. ↑ Список[мртва врска] на новите министри (дански)
  3. ↑ Разговорот со Самарас[мртва врска]
  4. ↑ Грчки министер го претскажал распадот на Македонија во Российская газета (руски)
  5. ↑ „Ο Αντώνης Σαμαράς νέος πρόεδρος της Νέας Δημοκρατίας“. ТА НЕА. 30 ноември 2009. Посетено на 2009-11-30. (грчки)
  6. ↑ Антонис Самарас избран водачом греческой оппозиции во РИА Новости (руски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]