Прејди на содржината

Александра Пријовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александра Пријовиќ
Роден(а)22 септември 1995 година
Сомбор, Србија, СР Југославија
Жанр(ови)поп-фолк
Занимање/њапејачка
Години на активност2012 - денес

Александра Живојиновиќ (моминско Пријовиќ ; Сомбор, 22 септември 1995 година ) е српска поп-фолк пејачка која станала популарна во раните 2010 -ти благодарение на Ѕвездите на Гранд . Три од нејзините песни што ги објавила до 2017 година биле во топ 5 хитови на годината во Србија. Во октомври 2016 година, Александра поставила домашен рекорд во брзината за која видеото достигна милион прегледи на YouTube, благодарение на песната Сенке, која таа бројка ја достигнала за помалку од 24 часа.[1] Александра важи за најбараната пејачка на Гранд продукција, како и една од најпопуларните пејачки во Србија.

Детството[уреди | уреди извор]

Таа е родена во 1995 година во Сомбор, а израснала во Бели Манастир во Хрватска и Бачка Топола. Моментално живее во Белград . Уште како мала покажала талент за пеење. Настапувала на училишни настани и друштвени настани. На тринаесет години снимила две песни (Мајка и Боли свака твоја реч) во продуцентската куќа, чиј сопственик бил Милорад Миќа Николиќ.[2]

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

2012—2016: Почетоци[уреди | уреди извор]

Во Ѕвездите на Гранд во сезоната 2012/13. година го освоила четвртото место, каде како награда ја добиле песната Још вечерас плакаћу за тобом. Истата година го снима дуетот Ма пусти понос со победникот од таа сезона Амар Јашарспахиќ . Следната година таа постигала голем успех со песната За нас касно је, за што песната беше избрана за еден од најголемите хитови во 2015 година. Во декември 2015 година го сними дуетот Шта би со МС Стојан и го претстави спотот за истиот.[3] На крајот на мај 2016 година, ја објавила песната Тотална анестезија, која била голем успех бидејќи достигна 50 милиони прегледи на YouTube. На 25 октомври истата година ја претставила песната Сенке, која за 24 часа била преслушана милион пати на Јутјуб, со што го соборила рекордот на српската музичка сцена.[1]

2017-: Тестамент[уреди | уреди извор]

Првиот сингл од албумот Тестамент е истоимената песна со која Пријовиќ започнала да го промовира албумот, објавена на 6 јуни 2017 година. Песната станала најпопуларна на албумот, покрај сингловите кои Александра ги снимила порано и ги вклучила на албумот. Медиумите тврделе дека овој албум се повеќе Александра потсетува на стилот на фолк ѕвездата Светлана Ражнатовиќ.[4] YouTube го забранило гледањето на провокативното садо-мазо видео за песната Сепаре за под 18 години, чиишто снимки потсетуваат на 50 нијанси на сиво.[5]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Александра се нашла во центарот на вниманието на јавноста кога ја открила врската со Филип Живојиновиќ, синот на Боба Живојиновиќ од првиот брак. Парот се венчал на 21 јуни 2018 година во Белград . Тие го добиле синот Александар на 6 февруари 2019 година.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

Синглови[уреди | уреди извор]

  • Још вечерас плакачу за тобом (2013)
  • Ма пусти понос (ft. Амар Гиле Јашарспахиќ, 2013)
  • За нас касно је (2014)
  • Шта би (ft. МС Стојан, 2015)
  • Тотална анестезија (2016)
  • Сенке (2016)
  • Успомене (2017)
  • Литар вина, литар крви (ft. Ацо Пејовиќ, со поддршка на Дејан Петровиќ, 2017)
  • Ко си ти (ft. Саша Матиќ, 2018)
  • Непоновљиво (2019)
  • Богата сиротиња (2019)

Видео спотови[уреди | уреди извор]

Видео-спот Година Режисер
За нас касно је 2015 Г.Шљивиќ
Шта би 2015 Андреј Илиќ
Тотална анестезија 2016 Андреј Илиќ
Сенке 2016 Андреј Илиќ
Литар вина, литар крви 2017 Андреј Илиќ
Тестамент 2017 Visual Infinity
Следећа 2017 Fanatic Media
Тело 2017 Андреј Илиќ
Клизав под 2017 Visual Infinity
Сепаре 2017 Петар Пашиќ
Место злочина 2017 Бојан Косовиќ
Вољена грешко 2017 Андреј Илиќ
Ко си ти 2018 Visual Infinity
Непоновљиво 2019 Петар Пашиќ
Богата сиротиња (стејџ-перформанс) 2019 Fanatic Media / Grand Production
Дугујеш ми два живота 2020 Film danas d.o.o/United media
Легитимно 2020 Visual Infinity
Дођи себи 2021 Петар Пашиќ
Звук тишине 2022 Visual Infinity
Саботирам 2022 Немања Новаковиќ
Светло 2022 Немања Новаковиќ
Јавно место 2022 Немања Новаковиќ
Огавно 2022 Visual Infinity
Ја сам одлично 2022 Петар Пашиќ
Марш 2022 Немања Новаковиќ
Куђа страве' 2023 Visual Infinity
Девет живота 2023 Visual Infinity
Плацебо 2023 Немања Новаковић
Психо 2023 Андрија Гркиќ
Први си почео 2023 Visual Infinity
Лудница 2023 Visual Infinity
Звер 2023 Петар Пашиќ
Дам дам дам 2023 Андрија Гркиќ
Све по старом 2023 Немања Новаковић

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Aleksandra Prijović spotom za pesmu ‘Senke’ oborila domaći YouTube rekord, Посетено на 31. 10. 2016.
  2. Aleksandra Prijović Biografija Архивирано на 18 мај 2014 г., Посетено на 14. 8. 2015.
  3. BIĆE OVO VRELA ZIMA MC Stojan i Aleksandra Prijović predstavili duet! (VIDEO), Посетено на 24. 12. 2015.
  4. Mnogi tvrde da Aleksandra Prijović vešto kopira Cecu, evo i dokaza za to (FOTO), Посетено на 14. 8. 2017.
  5. Aleksandra Prijović samo za 18+ (FOTO, VIDEO) Архивирано на 22 јуни 2019 г., Посетено на 14. 8. 2017.