Слободан Живојиновиќ
Слободан Живојиновиќ | |
---|---|
Живојиновиќ на Вимблдон | |
Земја | ![]() |
Место на живеење | Белград, Србија |
Роден на | 23 јули 1963. |
Роден во | Белград, СФР Југославија |
Спорт | ![]() |
Висина | м | 1,98
Професионалец | 1981 |
Пензинониран(а) | 1992 |
Игра со | Десна рака |
Заработка | $1,450,654 |
Поединечно | |
Победи-порази | 150–138 |
Титули | 2 |
Највисок пласман | Бр. 19 (26 октомври 1987) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | ПФ (1985) |
Ролан Гарос | 3К (1988) |
Вимблдон | ПФ (1986) |
УС Опен | 3К (1987) |
Во двојки | |
Победи-порази | 151–102 |
Титули | 8 |
Највисок пласман | Бр. 1 (8 септември 1986) |
Слободан „Боба“ Живојиновиќ (роден на 23 јули 1963 г.) — поранешен српски тенисер кој се натпреварувал за СФР Југославија. Тој и Ненад Зимоњиќ се единствените српски тенисери кои биле рангирани на првото место на АТП листата во конкуренција на двојки. Во поединечна конкуренција, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во 1985 година и до полуфиналето на Вимблдон во 1986 година, а негов најдобар пласман во кариерата во поединечна конкуреција било 19. место на АТП листата.
Тениска кариера[уреди | уреди извор]
Живојиновиќ настапил за СФР Југославија како петнаесетти носител на Летните олимписки игри 1988 во Сеул, Јужна Кореја, и бил поразен во второто коло од французинот Ги Форже.
Тој освоил две титули во својата кариера во поединечна конкуренција (Хјустон, 1986 и Сиднеј, 1988), како и осум титули во двојки. Највисоко место на АТП листата во поединечна конкуренција, Живојиновиќ постигнал на 26 октомври 1987 година, кога бил на 19. светски тенисер.
На Гренд слем турнирите, Живојиновиќ двапати успеал да стигне до полуфинале. Како играч кој не бил носител на Отвореното првенство на Австралија во 1985 година, тој незаборавно забележал победа над Џон Мекинро во пет сета во четвртфиналето за да се пласира во полуфиналето (каде загубил во три сета од Матс Виландер). Следната година, тој стигнал до полуфиналето на Вимблдон, во кое во пет сета бил поразен од Иван Лендл.
Во текот на кариерата, Живојиновиќ остварил биланс од 150 победи и 138 порази. Поголем успех тој постигнал во игра на двојки, освојувајќи ја титулата на Отвореното првенство на САД во 1986 година заедно со Андрес Гомез. Истата година тој победил на уште три турнири. На 8 септември 1986 година, тој бил рангиран на 1. место на АТП листата во двојки.
Титили во кариерата (10)[уреди | уреди извор]
Поединечно (2)[уреди | уреди извор]
Легенда |
Гренд слем (0) |
Тениски Мастерс куп (0) |
АТП турнири (2) |
Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
1. | 17 ноември 1986 | Хјустон, САД | Тепих | ![]() |
6–1, 4–6, 6–3 |
2. | 10 октомври 1988 | Сиднеј, Австралија | Тврда | ![]() |
7–6(10–8), 6–3, 6–4 |
Двојки (8)[уреди | уреди извор]
Легенда |
Гренд слем (1) |
Тениски Мастерс куп (0) |
АТП турнири (7) |
Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 8 јули 1985 | Бостон, САД | Тврда | ![]() |
![]() ![]() |
2–6, 6–4, 7–6 |
2. | 17 март 1986 | Брисел, Белгија | Тепих | ![]() |
![]() ![]() |
7–6, 7–5 |
3. | 24 март 1986 | Ротердам, Холандија | Тепих | ![]() |
![]() ![]() |
2–6, 6–3, 6–2 |
4. | 26 август 1986 | Отворено првенство на САД, Њујорк | Тврда | ![]() |
![]() ![]() |
4–6, 6–3, 6–3, 4–6, 6–3 |
5. | 23 март 1987 | Брисел, Белгија | Тепих | ![]() |
![]() ![]() |
7–6, 7–6 |
6. | 30 март 1987 | Милано, Италија | Тепих | ![]() |
![]() ![]() |
3–6, 6–3, 6–4 |
7. | 8 октомври 1988 | Токио, Јапонија | Тепих | ![]() |
![]() ![]() |
7–5, 5–7, 6–3 |
8. | 12 февруари 1990 | Брисел, Белгија | Тепих | ![]() |
![]() ![]() |
7–5, 6–3 |
Титули во екипни натпреварувања (1)[уреди | уреди извор]
Бр. | Датум | Натпреварувања | Подлога | Партнер/Тим | Противници во финалето | Резултат |
1. | 27 мај 1990 | Светско екипно натпреварување, Диселдорф, Германија | Земја | ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
2–1 |
Гренд слем настапи[уреди | уреди извор]
Турнир | 1982 | 1983 | 1984 | 1985 | 1986 | 1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Отворено првенство на Австралија | A | A | A | ПФ | НО | 3К | 3К | 2К | A | A |
Отворено првенство на Франција | 1К | A | 2К | 2К | 1К | 1К | 3К | 1К | 1К | A |
Вимблдон | A | A | A | 2К | ПФ | ЧФ | 4К | 4К | 1К | 1К |
Отворено првенство на САД | A | A | A | 1К | 1К | 3К | A | 1К | A | A |
Гренд слем | 0 / 1 | 0 / 0 | 0 / 1 | 0 / 4 | 0 / 3 | 0 / 4 | 0 / 3 | 0 / 4 | 0 / 2 | 0 / 1 |
- A = не настапил на турнирот
- НО = турнирот не бил одржан
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Слободан Живојиновиќ Профил на мрежното место на АТП (англиски)
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник![]() ![]() ![]() |
Светски Бр. 1 (двојки) 25 август 1986 - 7 септември 1986 22 септември 1986 - 19 октомври 1986 10 ноември 1986 - 23 ноември 1986 |
Наследник![]() ![]() ![]() |
Претходник Бошко Ивановиќ |
Претседател на Тениска федерација на Србија 2006–2011 |
Наследник Вук Јеремиќ |