Автобуска станица - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија

Автобуска станица - Битола е автобуска станица во Битола, Македонија. Се наоѓа во близина на Широк сокак и Ат-Пазар. Од Автобуската станица Битола, доаѓаат и поаѓаат автобусите за Скопје, Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар, Кичево, Гостивар, Тетово, Неготино, Валандово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Радовиш, Дреново, Росоман и Градско. Исто така има и автобуси кои сообраќаат од и до битолските села во Селската автобуска во Битола. Автобускиот превоз го врши Транскоп, Битола.

Во склоп на битолската автобуска станица, сообраќаат и меѓународни линии за: Софија, Благоевград, Ќустендил, Виена, Љубљана, Цеље, Марибор, Белград, Ниш, Лесковац, Врање и Јагодина.

Спротивно од Автобуската станица, се наоѓа и Железничката станица - Битола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Автобуска станица Битола Архивирано на 27 април 2013 г.