Џ. Д. Селинџер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џ.Д. Селинџер)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џ. Д. Селинџер
Salinger.jpg
фотографија од страна на Лот Џејкоби (1950)
Роден/аЏером Дејвид Селинџер
1 јануари, 1919 год.
Њујорк,
САД
Починат/а27 јануари, 2010 год. (91)
Корниш, Њу Хемпшир,
САД
ЗанимањеПисател
Период1940–1965
Значајни делаИгра во 'ржта (1951)
Девет приказни (1953)
Френи и Зуи (1961)
ДецаМаргарет и Мет Селинџер

Потпис

Џером Дејвид Селинџер (англиски: Jerome David Salinger, роден на 1 јануари 1919 - 27 јануари 2010) беше американски автор, најпознат по романот „Игра во 'ржта“ (The Catcher in the Rye), класична книга, којашто ужива огромна популарност од нејзиното печатење во 1951, па сè до денес.

Тој бил единственото машко дете на Сол и Мириам Селинџер. Таткото бил увозник на деликатесна стока и, според некои извори, син на кливлендски рабин. Неговата мајка по мажењето го сменила своето име Марија Џилиќ во еврејското Мириам.

Првата книга на Селинџер и единствениот роман кој го објавил, „Игра во 'ржта“, излегла од печат на 16 јули, 1951 год. На Селинџер му требале речиси 10 години да го напише ова дело, кое ги изразило сексуалните конфликти и егзистенцијални стравувања на младата генерација во повоена Америка, како и бунтот против лицемерноста и лагата во светот на главниот јунак, Холден Колфилд.[1]

Селинџер е можеби најчитаниот писател кој истовремено најмалку напишал, сѐ на сѐ, објавил четири книги проза, од кои само „Френи и Зуи“ (Franny and Zooey, 1961) донекаде го повторила огромниот успех на „Игра во 'ржта“. Писателот останал верен на својот јунак Холден. Неговиот изолиран начин на живеење станал легенда како и самото негово дело. Уште во 1953 год. се повлекол од Њујорк во својата колиба во планините Њу Хемпшир, а од 1965 престанал да објавува и за јавноста станал глувонем. Со него, со децении не било можно да се оствари контакт. Последното интервју го направил во 1980 год.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Скоу, Џон. „Осврт кон делото“, Тајм, 15 септември, 1961 (посет. 12 април 2007 г).