So Far, So Good... So What!

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„So Far, So Good... So What!“
Студиски албум од Megadeth
Издаден 19 Јануари, 1988 г.
Снимен 1987 год.
Жанр Треш метал
Траење 34:42
54:20 (ремикс)
Издавачка куќа Комбат, Капитол
Продуцент Дејв Мастејн, Пол Лени
Megadeth — Хронологија
Peace Sells... but Who's Buying?
(1986)
So Far, So Good... So What!
(1988)
Rust in Peace
(1990)

So Far, So Good… So What! е третиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден бил во 1988 год. во издаваштво на Капитол Рекордс. Во 2004 бил реиздаден со четири ремиксувани песни. Ова е единственото издание на бендот на кое се појавуваат Џеф Јанг и Чак Белер. По промотивната турнеја на албумот, тие си заминале од групата.

На овој диск се наоѓа една од првите песни кои воопшто ги напишал Мастејн, а тоа е втората нумера „Set The World Afire“. Тоа била првата негова песна која ја составил по напуштањето на Металика, а во едно интервју открил дека ја компонирал додека бил во автобусот со кој си заминувал дома.

In My Darkest Hour“ е балада посветена на Клиф Бартон, кој бил колега на Мастејн од времето кога тој бил во Металика. Бартон починал во сообраќајна несреќа една година пред објавувањето на албумот. Ова е исто така последниот албум на Мегадет на кој била поставена преработена верзија од некоја постара песна на друг музичар.

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 2.5/5 ѕвездички[1]
Robert Christgau B−[2]
Rolling Stone 3/5 ѕвездички[3]
Sputnikmusic 3/5[4]

Список на песни[уреди]

Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, додека Дејвид Елефсон помогнал со текстот во нумерите 4 и 6, а напишал и дел од музиката за траките 7 и 8.

бр. Наслов Текст Музика Траење
1. „Into the Lungs of Hell“ (инструментална)     3:23
2. „Set the World Afire“       5:48
3. „Anarchy in the U.K.“ (преработка на Секс Пистолс) Ротен Ротен, Џонс, Матлок, Кук 3:01
4. Mary Jane“   Мастејн, Елефсон   4:25
5. „502“       3:29
6. In My Darkest Hour(6:26 на реизданието од 2004) Мастејн, Елефсон   6:20
7. Liar“     Мастејн, Елефсон 3:20
8. Hook in Mouth“     Мастејн, Елефсон 4:49
Вкуп. траење:
34:42
Бонус песни од 2004
бр. Наслов Текст Музика Траење
9. „Into the Lungs of Hell“ (микс на Пол Лени)     3:32
10. „Set the World Afire“ (микс на Пол Лени)     5:53
11. „Mary Jane“ (микс на Пол Лени) Мастејн, Елефсон   4:08
12. „In My Darkest Hour“ (микс на Пол Лени) Мастејн, Елефсон   6:11

Наводи[уреди]