Sweating Bullets

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Sweating Bullets“
Сингл од Мегадет
од албумот Countdown to Extinction
Издаден јануари, 1993
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен јануари - април, 1992 г.
Жанр Хеви метал
Должина 4:29
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Макс Норман, Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Angry Again
(1993)
Sweating Bullets
(1993)
Skin o' My Teeth
(1993)

Sweating Bullets е песна од американскиот хеви метал бенд Megadeth. Беше објавена како трет сингл од нивниот петти студиски албум Countdown to Extinction. Песната била рангирана на 29. место на американската табела за рок нумери, а на британската листа се искачила на 26. позиција.

Изразот „потење куршуми“ (од англо-американскиот јазик) значи да се биде многу нервозен и вознемирен за некоја работа. За значењето на текстот, Мастејн изјавил:

Го напишав тоа во врска со мене. Ми беше кажано дека сум шизофреничен и дека си живеам внатре во мојата глава. Со тоа не се согласувам потполно, но во секој случај ми се допадна размислувањето. Си помислив дека секој од нас постојано се плаши од нешто. Општеството моментално не постои, бидејќи луѓето се непријателски настроени едни спрема други. Ако си мислиш дека имаш некој злобен близнак, мислам дека многу од нас би биле шизофренични, бидејќи сите ние на некој начин живееме во сопствената глава. Таму секогаш ќе наидеме на разбирање. Тоа се нарекува свест. Но некои луѓе не можат да си ја контролираат својата потсвест. Сите го имаме тоа поттиснато „второ јас“, кое во некои случаи може да надвладее и да нѐ донесе на работ на разумот.[1]


Позадина[уреди | уреди извор]

Шизофренија е психичко и ментално нарушување, од кое се смета дека страдаат 2% од западната популација. Симптомите на оваа болест се илузии, халуцинации, неповрзани мисли, неможност да се прави разлика помеѓу логичното и неразумното, избувливи и силни емоции, несоцијално однесување, немање на желба за социјален контакт и влошување на односите од приватниот живот. Спротивно на некои општоприфатени размислувања, болните од шизофренија немаат поделена личност, т.е. постоење на „второ јас“. Тој редок синдром на појава и доминација на алтер-егото е во суштина болест слична на неврозата.[2]

Видео запис[уреди | уреди извор]

Во главна улога на видео записот се појавува Дејв Мастејн, кој живее затворен во лудница. Додека гледа во огледало, некој го фаќа за рамото, и тогаш дознава дека другиот лик е всушност тој самиот. За време на разговорот помеѓу првиот и вториот Мастејн, се појавуваат сè повеќе такви ликови и му зборуваат на вистинскиот. И останатите членови од бендот се претставени како луѓе со слично ментално нарушување, кои се затворени во други простории.

Песни на винил изданијата[уреди | уреди извор]

Прв диск[уреди | уреди извор]

  1. „Sweating Bullets“ (скусена верзија) (Мастејн) - 4:11
  2. „Symphony of Destruction“ (во живо) (Мастејн) - 4:03
  3. „Countdown to Extinction“ (во живо) (Мастејн/Менза/Елефсон/Фридмен) - 4:21
  4. „Symphony of Destruction“ (микс на Gristle) (Мастејн) - 3:49

Втор диск[уреди | уреди извор]

  1. „Sweating Bullets“ (во живо) (Мастејн) - 5:00
  2. „Ashes in Your Mouth“ (во живо) (Мастејн/Менза/Елефсон/Фридмен) - 6:27
  3. „Symphony of Destruction“ (микс на Gristle) (Мастејн) - 9:52

Музички персонал[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Одговор на прашање од обожавателите
  2. The Realms od Deth Архивирано на 16 декември 2019 г.; преземен е последниот дел

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]