Risk

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Risk“
Студиски албум од Megadeth
Издаден 31 август, 1999 г.
Снимен јануари – април 1999 г. Нешвил
Жанр Хард рок, хеви метал
Траење 52:34
66:31 (ремикс)
Издавачка куќа Капитол
Продуцент Ден Хаф, Дејв Мастејн
Megadeth — Хронологија
Cryptic Writings
(1997)
Risk
(1999)
The World Needs a Hero
(2001)

Risk е осмиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth, издаден во 1999 год. Ова впрочем е и последниот албум на групата кој бил издаден под капата на Капитол Рекордс. Ова остварување значело и крај на соработката со долгогодишниот гитарист Марти Фридмен, кој поради несогласувања со Мастејн околу музичката насока по која би требало да се движи бендот ќе побара разделба.

Насловот е инспириран од една изјава на Ларс Улрих од Металика, кој вели дека Мегадет „мораат да ризикуваат со смена на нивниот стил ако сакаат да се пробијат на глобално ниво“, како во случајот со Металика. Оваа ненадејна промена за Мегадет беше меч со две острици. Иако добија слушаност на ТВ и радио станиците, загубија голем дел од верните фанови, кои биле длабоко разочарани од ова ЦД. И музичката јавност го протолкува овој пресврт во нивната кариера како фијаско и тотален неуспех. Во едно интервју, Мастејн ќе потенцира дека овој албум добро би поминал на музичкиот пазар доколку не го носел името Мегадет. [1][2]

Имено, од овој албум се објавени три синглови, сите поткрепени со видео записи. Првиот и носечки, „Crush 'Em“, се смета за спортска химна, во која се говори за борба во арената и мелење на противникот. Вториот синг, „Breadline“, ја раскажува приказната за сиромашен човек и нарко-зависник кој се бори за гола егзистенција. Оваа песна не е балада, но е исклучителна и многу трогателна со својата светла мелодија. „Insomnia“ е трета и последна објавена песна од оваа плоча, а нејзината тематика, како што говори и самиот наслов, се проблемите со спиење. Како што ќе открие и самиот Мастејн во една прилика, оваа песна на некој начин ги содржи неговите сопствени проблеми со несоница по долгите вечерни журки и забави.

Овој албум доживеал аудио ремикс во 2004 год. како дел од желбата на Мастејн за комплетна ревизија на целокупниот дотогашен музички каталог на Мегадет. Песните се со подобрена продукција и звучност, а како бонус се додадени три од постоечките синглови, но дигитално преработени од страна на различни диџеи.

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 2.5/5 ѕвездички[3]
Entertainment Weekly B−[4]
Metal Forces 6/10[5]
The Rolling Stone Album Guide 3/5 ѕвездички[6]
Piero Scaruffi 5/10[7]
Sputnikmusic 3.5/5

Список на песни[уреди]

Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн. Марти Фридмен се потпишува како ко-автор на музиката во нумерите 2 до 9, додека Дејвид Елефсон е ко-автор на текстот во траките 10 и 11.

бр. Наслов Текст Музика Траење
1. Insomnia(4:16 на реизданието од 2004)     4:34
2. „Prince of Darkness“     Мастејн, Марти Фридмен 6:26
3. „Enter the Arena“ (0:44 на реизданието од 2004) Мастејн, Бад Преџер   0:52
4. Crush 'Em“   Мастејн, Преџер Мастејн, Фридмен 4:58
5. Breadline“   Мастејн, Преџер Мастејн, Фридмен 4:24
6. „The Doctor Is Calling“   Мастејн, Преџер Мастејн, Фридмен 5:40
7. „I'll Be There“ (5:13 на реизданието од 2004) Мастејн, Преџер Мастејн, Фридмен 4:20
8. „Wanderlust“ (5:48 на реизданието од 2004)   Мастејн, Фридмен 5:22
9. „Ecstasy“     Мастејн, Фридмен 4:28
10. „Seven“ (4:46 на реизданието од 2004) Мастејн, Дејвид Елефсон   5:01
11. „Time: The Beginning“   Мастејн, Елефсон   3:05
12. „Time: The End“ (2:41 на реизданието од 2004)     2:26
Вкуп. траење:
52:36

Наводи[уреди]

  1. All Music „Критички осврт на Risk“ Album Review
  2. Metal Storm „Критички осврт на Risk“ Album Review
  3. Huey, Steve. „Risk (2004 Remix/Remaster) - Megadeth“. „Allmusic“. http://www.allmusic.com/album/risk-mw0000244020. конс. 17 октомври 2011. 
  4. Morgan, Laura (1 октомври 1999). „Risk Review“. „Entertainment Weekly. http://www.ew.com/ew/article/0,,270955,00.html. конс. 11 ноември 2012. 
  5. Arnold, Neil. „Megadeth: Risk“. „Metal Forces“. http://www.metalforcesmagazine.com/site/album-review-megadeth-risk/. конс. 8 август 2013. 
  6. Brackett, Nathan; Christian Hoard (2004). „The Rolling Stone Album Guide“. New York City, New York: Simon and Schuster. стр. 534. ISBN 0-7432-0169-8. http://books.google.com/?id=t9eocwUfoSoC&pg=PA534&lpg=PA534&dq=rolling+stone+megadeth+album+guide#v=onepage&q=rolling%20stone%20megadeth%20album%20guide&f=false. 
  7. Scaruffi, Piero (1999). „Megadeth“. pieroscaruffi.com. http://www.scaruffi.com/vol4/megadeth.html. конс. 6 август 2013.