Symphony of Destruction

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Symphony of Destruction“
Megadeth - Symphony Of Destruction.jpg
Сингл од Megadeth
од албумот Countdown to Extinction
Издаден јуни 1992
Вокал(и) Дејв Мастејн
Текстописец Дејв Мастејн
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 6 јануари - 28 април 1992
Жанр Хеви метал
Должина 4:07
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Макс Норман и Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Megadeth
Hangar 18
(1990)
Symphony of Destruction
(1992)
Foreclosure of a Dream
(1992)

Symphony of Destruction“ е песна од хеви метал бендот Мегадет, издадена како сингл од нивниот студиски албум Countdown to Extinction. Тектот е политички обоен, а во него се зборува за држава која е водена од страна на невидлива и марионетска влада.[1] Песната е напишана и компонирана од вокалот и гитарист на бендот, Дејв Мастејн. Од нејзиното објавување па до денес, композицијата уживала значајна радио и ТВ промоција, што придонесло да постане една од најпознатите песни на Мегадет.[2][3][4]

Музичката критика позитивно ја оценила нумерата,[5] а бил снимен и видео запис под режисерската палка на Вејн Ишам. Спотот бил доста емитуван на англиската МТВ, но поради контроверзниот текст и насилната содржина на филмскиот запис спотот постепено бил испуштан од списокот на песни за емитување.[6] На спотот секој член свири индивидуално, додека во останатиот дел на црно-бела слика е прикажано убиството на политички кандидат, што подоцна предизвикало масовни протести и безредија.[6][7] Со текот на времето, песната била активно присутна во медиумите, а била и преработена од повеќе рок состави.

Список на песни[уреди]

  1. „Symphony of Destruction“ - 4:02
  2. Peace Sells“ (во живо) (снимено за време на турнејата Clash of the Titans, на стадионот Вембли, октомври 1990)

Пласман на табелите[уреди]

Табела Највисоко
место
Билборд Хот 100 (САД)[8] 71
Рок нумери (САД)[8] 29
Канада[9] 91
Ирска[10] 14
Нов Зеланд [11] 15
Велика Британија [12] 15

Музички персонал[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Symphony of Destruction Info“. „rockmetal.art.pl“. http://megadeth.rockmetal.art.pl/lyrics_countdown.html#Symphony. конс. 19 март 2010. 
  2. „Megadeth > Charts and Awards > Billboard Singles“. „Allmusic.com“. http://www.allmusic.com/artist/p4885/charts-awards/billboard-singles. конс. 5 јануари 2009. 
  3. „Top 100 Singles“. „Chartsstats.com“. архивирано од оригиналот на 30 мај 2012. http://archive.is/c3cQ. конс. 27 ноември 2008. 
  4. „Megadeth Discography“. „Australians-chart.com“. архивирано од оригиналот на 30 мај 2012. http://archive.is/c3cQ. конс. 31 јули 2008. 
  5. „Symphony of Destruction Review“. „Metal Archives.com“. 22 април 2007. http://www.metal-archives.com/review.php?id=5327&PHPSESSID=5ede75f5588971e83c452b418b97ffa1. конс. 15 октомври 2010. 
  6. 6,0 6,1 „Exposure of a Dream“. „The Realms of Deth.com“. http://megadeth.rockmetal.art.pl/videos_exposure.html#Symphony. конс. 15 октомври 2010. 
  7. „Megadeth - Symphony Of Destruction (Broadcast Music Video)“. „Youtube.com“. 18 август 2007. http://www.youtube.com/watch?v=Lq8i2i2ZRHA&ob=av3e. конс. 15 октомври 2010. 
  8. 8,0 8,1 „Megadeth > Charts & Awards > Billboard Singles“. „Allmusic“. Macrovision. http://www.allmusic.com/artist/p4885/charts-awards/billboard-singles. конс. 5 јануари, 2009. 
  9. Top 100 Singles“ (DjVu). „RPM“ (Library and Archives Canada) 56 (13). 26 септември, 1992. http://www.collectionscanada.gc.ca/rpm/028020-119.01-e.php?&file_num=nlc008388.1949&volume=56&issue=13&issue_dt=September%2026%201992&type=2&interval=24&PHPSESSID=c7d1rdkm4a47drqgt0auhta0s4. конс. 27 ноември, 2008. 
  10. „Search the Charts“. „The Irish Charts“. Irish Recorded Music Association. http://www.irishcharts.ie/search/placement. конс. September 5, 2008. 
  11. „New Zealand singles chart“. charts.org.nz. http://charts.org.nz/search.asp?search=Megadeth&cat=s. конс. March 6, 2010. 
  12. „Megadeth - UK Singles & Albums Chart Archive“. „Chart Stats“. архивирано од оригиналот на 30 мај 2012. http://archive.is/c3cQ. конс. January 5, 2009. 

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]