Countdown to Extinction

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Countdown to Extinction“
Студиски албум од Megadeth
Издаден 14 jули, 1992 г.
Снимен од 6 јануари до 28 април, 1992 г.
Жанр Хеви метал, треш метал
Траење 48:27
66:29 (Ремикс)
Издавачка куќа Капитол
Продуцент Макс Норман, Дејв Мастејн
Megadeth — Хронологија
Rust in Peace
(1990)
Countdown to Extinction
(1992)
Youthanasia
(1994)

Countdown to Extinction е петтиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден е во 1992 година и воедно е најпродаваниот албум на бендот со преку 2 милиони продадени примероци во САД. Од овој излегле едни од најпознатите песни на Мегадет, а тоа се сингловите „Symphony of Destruction“, „Sweating Bullets“ и „Skin o' My Teeth“. Помеѓу останатите нумери, видео записи биле направени и за песните „Foreclosure of a Dream“ и „High Speed Dirt“.

Албумот бил номиниран за Греми награда во 1993, а синглот „Symphony of Destruction“ станал единствената песна од овој состав која се пласирала на Билборд Хот 100 табелата. Музичката критика го смета албумот за едно од подобрите музички остварувања во 1992 година.

Во 2012, на 20-годишнината од излегувањето на дискот, бендот се решил тој јубилеј да го одбележи со мини-турнеја низ Јужна Америка. На тие концерти сиот материјал бил отсвирен во целост, а во наредниот период треба да биде објавено специјалното издание од албумот.

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
About.com 4/5 ѕвездички (20 годишнина)[1]
Allmusic 4/5 ѕвездички[2]
Consequence of Sound 3/5 ѕвездички(20 годишнина)[3]
Entertainment Weekly A−[4]
Rolling Stone 2.5/5 ѕвездички[5]
Sputnikmusic 4/5[6]

Список на песни[уреди]

Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, освен обележаните каде свој удел имале и останатите членови.

бр. Наслов Текст Музика Траење
1. Skin o' My Teeth“   Мастејн Мастејн 3:14
2. Symphony of Destruction“   Мастејн Мастејн 4:03
3. „Architecture of Aggression“   Мастејн Елефсон, Мастејн 3:35
4. Foreclosure of a Dream“   Елефсон, Мастејн Мастејн 4:16
5. Sweating Bullets(5:27 на изданието од 2004) Мастејн Мастејн 5:03
6. „This Was My Life“   Мастејн Мастејн 3:43
7. „Countdown to Extinction“   Елефсон, Менза, Мастејн Фридмен, Мастејн 4:19
8. „High Speed Dirt“ (4:21 на изданието од 2004) Елефсон, Мастејн Мастејн 4:13
9. „Psychotron“   Мастејн Мастејн; Фридмен 4:42
10. „Captive Honour“   Елефсон, Мастејн Фридмен, Менза, Мастејн 4:15
11. „Ashes in Your Mouth“   Мастејн Елефсон, Фридмен, Менза, Мастејн 6:11
Вкуп. траење:
47:34

Наводи[уреди]