Trust

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Trust“
Megadeth – Trust.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот Cryptic Writings
Издаден 8 мај, 1998[1]
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 1996
Жанр Хеви метал
Должина 5:11
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Марти Фридмен
Продуцент Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
À Tout le Monde
(1994)
Trust
(1997)
Crush 'Em
(1999)

Trust е првата нумера од седмиот студиски албум на Мегадет, насловен Cryptic Writings. Била издаден како сингл на 8 мај 1997 година, во две верзии на англиски и на шпански јазик.

Песната се пласирала на 5. место на табелата за најпопуларни рок нумери во САД, најмногу благодарение на зачестеното телевизиско и радио емитување. Со таквата позиција, таа е најдобро рангираната песна од целокупниот музички каталог на бендот. Била поставена на три компилациски албуми со најголеми хитови, меѓу кои Capitol Punishment, Back to the Start и Anthology: Set the World Afire, како и во сетот албуми Warchest.

Текстот во песната зборува за неуспешна љубовна врска поради меѓусебна неискреност. „Trust“ добила номинација за Греми награда во категоријата „Најдобра хеви метал изведба“ (1998).[2]

Во изданието за латино-американскиот пазар, рефренот на песната е отпеан на шпански, но останатите строфи се на оригинилниот англиски јазик. И песната „Promises“ од албумот The World Needs A Hero (2001) била специјално снимена со текст на шпански јазик.

Список на песни[уреди]

  1. „Trust“ – 5:13
  2. A Secret Place“ – 5:31
  3. „Tornado of Souls“ (во живо) – 5:55
  4. À Tout le Monde(во живо) – 4:52

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]