Super Collider

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Super Collider“
Студиски албум од Megadeth
Издаден 4 јуни, 2013
Снимен 18 декември, 2012-13 март, 2013 во студиото Vic's Garage во Сан Маркос (Калифорнија)
Жанр Хеви метал, хард рок
Траење 45:14
Издавачка куќа Трејдкрафт, преку Универзал
Продуцент Џони Кеј и Дејв Мастејн
Megadeth — Хронологија
Thirteen
(2011)
Super Collider
(2013)
 Професионални оценки
Средна оценка
Извор Оценка
Metacritic 38/100[1]
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 2.5/5 ѕвездички
Blabbermouth.net 7.5/10
Brave Words & Bloody Knuckles 7.0/10
Classic Rock 8/10[2]
Exclaim! 4/10
The Lantern D−
Loudwire 3/5 ѕвездички
Metal Storm 5.5/10
PopMatters 2/10
Spin 5/10

Super Collider е четиринаесеттиот студиски албум од треш метал бендот Мегадет. Издаден е на 4 јуни 2013 година,[3] како прв албум во издаваштво на Мастејновата продукциска куќа Трејдкрафт. Музичките новинари и критика негативно го рецензирале албумот, најмногу поради присутните хард рок елементи во звукот. И покрај неповолните оцени, плочата дебитирала на 6. место на американската Билборд 200 табела. Овој пласман бил надминат само од две други студиски остварувања на оваа музичка група.

Super Collider е исто така првиот албум на Мегадет по Cryptic Writings (1997) во кој немало промена на музичкиот персонал. На овој албум се наоѓа преработка на песната „Cold Sweat“ од бендот Тин Лизи, прв случај по So Far, So Good... So What! (1988) една не-авторска нумера да се најде во списокот на песни.

На омотот е прикажан Големиот хадронски судирач од ЦЕРН.[4] На позадината може да се забележи и присуството на Вик Ретлхед, но со многу слабо осветлување. Што се однесува до комерцијалниот успех на албумот, 29.000 оригинални примероци биле продадени во првата седмица од неговото излегување во САД.[5]

Список на песни[уреди]

бр. Наслов Автор Траење
1. „Kingmaker“   Дејвид Елефсон, Дејв Мастејн 4:16
2. Super Collider“   Мастејн 4:11
3. „Burn!“   Мастејн 4:11
4. „Built for War“   Крис Бродерик, Шон Дровер, Мастејн 3:57
5. „Off the Edge“   Мастејн 4:11
6. „Dance in the Rain“ (гостува Дејвид Дрејнман) Мастејн 4:45
7. „Beginning of Sorrow“   Бродерик, Елефсон, Мастејн 3:51
8. „The Blackest Crow“   Мастејн 4:27
9. „Forget to Remember“   Мастејн 4:28
10. „Don't Turn Your Back...“   Мастејн 3:47
11. „Cold Sweat“ (преработка од Тин Лизи) Фил Лајнот, Џон Сајкс 3:10
Вкуп. траење:
45:14

Наводи[уреди]