Holy Wars... The Punishment Due

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Holy Wars... The Punishment Due“
Megadeth - Holy Wars.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот Rust in Peace
Издаден 1990
Текстописец Дејв Мастејн
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 1990
Жанр Треш метал, спид метал
Должина 6:32
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Mary Jane
(1988)
Holy Wars... The Punishment Due
(1990)
Hangar 18
(1990)

Holy Wars... The Punishment Due е песна на Мегадет од нивниот четврти студиски албум Rust in Peace. Песната е прва нумера во споменатиот албум, а воедно и прв објавен сингл од истиот. Како што се забележува и од насловот на песната, таа е составена од два дела, од кои првиот е Holy Wars, со времетраење од почетокот па се до 2:26 минута.[1] Оваа делница е во многу побрзо темпо за разлика од втората секцијаThe Punishment Due. Овие две секции се поврзани со мост изведен на акустична гитара, а потоа следува делот кој е побавен, но со потежок звук за разлика од првиот. По 4:33 песната повторно влегува во ултра брзо темпо, за нагло да финишира, без посебен музички перформанс како одјавен дел.[2]

Фановите на Мегадет песната ја ословуваат едноставно само како Holy Wars. Тематски гледано, песната говори за северноирскиот верски конфликт помеѓу католиците и протестантите.[3] Во оваа нумера, Мастејн ги искажал своите лични ставови во врска со религијата и модерното општество.[4]

Песната „Holy Wars... The Punishment Due“ е дел од музичките видео игри како Rock Revolution и Guitar Hero: Warriors of Rock. На овие игри се наоѓа ремикс од песната, кој е малку поразличен од оригиналната верзија на албумот.

Мегадет на турнејата по повод 20 години од издавањето на Rust in Peace

Позадина[уреди]

Доста занимлив е поводот по кој Мастејн се решил да го напише текстот. Имено, за време на турнејата на Мегадет низ Северна Ирска, членовите на бендот забележале бутик каде нелегално се продавале маички со логото на бендот. На повик од Мастејн, пристигнала локалната полиција и ги запленила маиците. Мастејн притоа разбрал дека сите пари кои биле собрани од продажбата на маиците ќе биле наменети за организацијата „The Cause“. „The Cause“ биле паравоена терористичка организација од Ирска, чија цел била припојување на Северна Ирска кон Република Ирска. Новинарите го протолкувале овој чин како поддршка од Мегадет за ова милитантно здружение, па така и ја пренеле информацијата низ медиумите. Овој гаф предизвикал општ револт помеѓу обичните граѓани во целата држава, па членовите од групата морале да бидат превезени во авотбус со непробојни прозорци до концертната локација. Со истото транспортно возило членовите си заминале од земјата во најбрз можен рок. По неколку месеци биле разјаснети недоразбирањата, и револтот кон Мегадет постепено исчезнал.

Видео запис[уреди]

Видео спотот за оваа песна беше снимен во август 1990 год. во време кога Заливската војна била во полн ек. Во филмскиот запис се прикажани дел од воените конфликти на Средниот Исток во тоа време. Освен повремените инсерти од оружени судири помеѓу завојуваните страни, на спотот во главна улога се членовите на бендот кои ја изведуваат песната на сцена која наликува на кафез.[5]

Мастејн на европската турнеја (2011)

Коментари од бендот во врска со песната[уреди]

Поентата ми е дека војната си е војна, без разлика во која земја се води. Гадафи (Либија), Холомеини (Иран), сите овие идиоти со чудни имиња ги водат нивните земји во пропаст. Но тоа докажува само една работа, дека војната без разлика на кое место се одвива, предизвикува само крв и солзи.

Дејв Мастејн, 1990 год.[6]

Требаше да убијам некој за да најпосле ми дозволат да го преснимам второто соло од песната. Кога првпат влегов во студиото и почнав да се загревам, ми пријде продуцентот Клинк и ми рече дека тоа ќе заврши работа. Отпрвин бев збунет, бидејќи не ја ни наштимав гитарата, а камоли да го отсвирев солото онака како што треба. Но, и Мастејн мислеше дека делницата беше квалитетна и дека би требало да продолжиме со наредната секција од композицијата. Со денови ме копкаше мислата дека работата не е завршена како што треба, но сите останати членови од бендот мислеа поинаку. На крај попушти трпението на Мајк Клинк и тој ми дозволи да влеземе во студиото и повторно да го снимиме тој дел. Ја направивме солажата како што треба, а впрочем и истата се најде на албумот. Не можам да ви опишам какво олеснување почувствував кога сите нешта си дојдоа на свое место.

Марти Фридмен, 2002 год.[7]

Песни на винил изданието од Holy Wars... The Punishment Due[уреди]

  1. „Holy Wars...The Punishment Due“ (верзија од албумот) - 6:32
  2. „Lucretia“ (верзија од албумот) - 3:56
  3. Интервју со Дејв Мастејн (со различно времетраење на секое издание)
Капитол Рекордс DPRO-79462

Музички персонал[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]