Capitol Punishment: The Megadeth Years

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Capitol Punishment:
The Megadeth Years“
Компилација со најголеми хитови од Мегадет
Издаден 24 октомври, 2000
Снимен 1986-2000
Жанр Хеви метал, хард рок, треш метал, спид метал
Траење 65:53
Издавачка куќа Капитол
Продуцент Повеќемина
Мегадет — Хронологија
Risk
(1999)
Capitol Punishment: The Megadeth Years
(2000)
The World Needs a Hero
(2001)

Capitol Punishment: The Megadeth Years е првата компилација со најголеми хитови на треш метал бендот Мегадет. Овој албум е издаден во 2000 год. под капата на издавачката куќа Капитол Рекордс. Бендот во тоа време бил со поставата Мастејн/Елефсон/Деграсо/Питрели, а на ова ЦД се нашле и две претходно необјавени песни, „Kill the King“ и „Dread and the Fugitive Mind“. Исто така била вклучена и една скриена нумера, насловена како „Capitol Punishment“, која е сплет од неколку нивни попознати песни.

Насловот на компилацијата е алузија за непремостливите несогласувања на Мегадет со нивните издавачи од Капитол. Групата го прекинала договорот со Капитол и потпишале со Сануктари. Но, според првично потпишаниот договор со Капитол, од Мегадет биле обврзани да издадат барем уште еден албум под таа продукциска куќа, па така впрочем да одлучиле да ја направат оваа компилација. На овој албум бил поставен материјал од сите нивни дотогашни студиски албуми, со исклучок на Killing Is My Business... and Business Is Good!. Под притисок од страна на Капитол, на овој диск биле вметнати двете новосоздадени песни, што предизвикало огромна огорченост кај сите членови. Мастејн и Елефсон се согласиле на тој услов, како би се ослободиле од постојниот договор со Капитол, а го ставиле Capitol Punishment за наслов на изданието за да истакнат дека соработката со Капитол за нив била еден вид незаслужена казна. Овој албум повеќе не се печати.

Список на песни[уреди]

  1. Kill the King – 3:46
  2. Dread and the Fugitive Mind – 4:26
  3. Crush 'Em – 4:59
  4. Use the Man – 4:37
  5. Almost Honest – 4:04
  6. Trust – 5:12
  7. À Tout le Monde – 4:25
  8. Train of Consequences – 3:30
  9. Sweating Bullets– 5:26
  10. Symphony of Destruction – 4:06
  11. Hangar 18 – 5:13
  12. Holy Wars... The Punishment Due – 6:35
  13. In My Darkest Hour – 6:19
  14. Peace Sells – 3:46

Скриена нумера (во изданијата за американскиот пазар):[уреди]

  1. Capitol Punishment (сплет) – 5:17

Бонус песни (во јапонските изданија):[уреди]

  1. Wake Up Dead – 3:40

Пласман на табелите[уреди]

Албум

Година Табела Позиција
2000 Билборд 200 (САД) 66
2000 Нов Зеланд 41

Синглови

Година Песна Табела Позиција
2001 „Kill the King“ Рок нумери (САД) 21

Наводи[уреди]