The World Needs a Hero

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„The World Needs a Hero“
Студиски албум од Megadeth
Издаден 15 Мај, 2001 г.
Снимен Холивуд (Калифорнија) и во Меса (Аризона)
Жанр Хеви метал, треш метал
Траење 57:49
60:24 (Бонус)
Издавачка куќа Сануктари
Продуцент Бил Кенеди, Дејв Мастејн
Megadeth — Хронологија
Risk
(1999)
The World Needs a Hero
(2001)
The System Has Failed
(2004)

The World Needs a Hero е деветтиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Значаен по тоа што бендот со овој албум се враќа на хеви метал корените, по комерцијалниот рок стил на нивните претходни две изданија. Албумот е издаден на 15 мај 2001 во САД, а ден претходно во европските земји.

Албумот е во издание на Сануктари Рекордс, откако Мегадет се решиле да не ја продолжат соработката со Капитол. Во првата недела од издавањето, дискот се продал во 61.000 примероци, доволно да дебитира на 16. место на Билборд 200 табелата.

Ова е единствениот албум на кој настапил гитаристот Ал Питрели, а втор и последен за тапанарот Џими Деграсо. На омотот се појавува Вик Ретлхед, прв пат по албумот Rust in Peace од 1990. Ова било последното студиско издание на Мегадет пред нивниот краткотраен распад наредната година.

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 2.5/5 ѕвездички
Brave Words & Bloody Knuckles 7.5/10
The Rolling Stone Album Guide 2/5 ѕвездички[1]
Sputnikmusic 3/5

Список на песни[уреди]

Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, освен песната „Promises“, чија музика ја создал Ал Питрели, во соработка со Мастејн.

бр. Наслов Траење
1. „Disconnect“   5:20
2. „The World Needs a Hero“   3:52
3. Moto Psycho“   3:06
4. „1000 Times Goodbye“   6:25
5. „Burning Bridges“   5:20
6. „Promises“ (музика: Мастејн, Ал Питрели) 4:28
7. „Recipe for Hate... Warhorse“   5:18
8. „Losing My Senses“   4:40
9. Dread and the Fugitive Mind“   4:25
10. „Silent Scorn“ (инструментална) 1:42
11. „Return to Hangar“   3:59
12. „When“   9:14
Вкуп. траење:
57:49

Наводи[уреди]