Of Mice and Men

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Of Mice and Men“
Megadethmiceofmen.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот The System Has Failed
Издаден 2004 год.
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 2004 год.
Жанр Хеви метал
Должина 4:05
Издавачка куќа Сануктари
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Џеф Болдинг и Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Die Dead Enough
(2004)
Of Mice and Men
(2004)
The Scorpion
(2005)

Of Mice and Men е вториот сингл на Мегадет од нивниот десетти студиски албум The System Has Failed.[1] Песната била издадена во дигитален формат кон крајот на 2004 год. Текстот и музиката се во комплетно авторство на Дејв Мастејн, кој за песната изјавил дека е негова автобиографска.[2]

Позадина[уреди]

Песната била напишана во 2003 год. додека Мастејн се опоравувал од тешката повреда на раката. Имал намера да издаде соло албум, но поради неподмирените обврски кон тогашната негова издавачка куќа, се решил да објави студиски проект под името Мегадет.[3] За време на студиските снимања имал намера да ја обнови поставата на бендот од ерата на Rust in Peace, па така имал неколку телефонски разговори со дел од поранешните членови. Тогаш повторно искрснале старите меѓусебни недоразбирања, па така Мастејн заработил и судска тужба од страна на Дејвид Елефсон поради неправично користење на името Мегадет.

Марти Фридмен имал успешна музичка кариера во Јапонија, па не му се исплатело да се враќа во САД само за неколку студиски снимања.[4] Единствено Ник Менза прифатил да се врати во групата, додека Колајута и Слоас биле најмени само за потребите на албумот. Сесиите со Крис Поланд биле додатно направени.

Видео запис[уреди]

За разлика од спотот за песната „Die Dead Enough“, овој пат Мегадет се појавиле со оформена постава. На овој запис, бендот настапува во замрачени простории полни со метал фанови, што на некој начин го отсликува мрачното расположение на песната. Повремено се појавуваат кадри од животот на Мастејн, и тоа од различни периоди на неговата младост. Во нив зборува за неговите почетоци во хеви метал музиката и за сите непријатни искушенија кои ги доживеал низ годините.

Листа на песни[уреди]

  1. „Of Mice and Men“ – 4:05

Музички персонал[уреди]

Музичари за време на студиските сесии[уреди]

Музичари од видео записот[уреди]

Пласман на табелите[уреди]

Година Табела Позиција
2004 Рок нумери (САД)[5] 39

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]