Greatest Hits: Back to the Start

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Greatest Hits: Back to the Start“
Компилација со најголеми хитови од Мегадет
Издаден 28 јуни, 2005
Снимен 1984-2000
Жанр Треш метал, хеви метал, спид метал, хард рок
Траење 78:04
Издавачка куќа Капитол, ЕМИ
Мегадет — Хронологија
The System Has Failed
(2004)
Greatest Hits: Back to the Start
(2005)
Gigantour
(2006)

Greatest Hits: Back to the Start е втората компилација со најголеми хитови на треш метал бендот Мегадет. Ова издание беше објавено во 2005 год. од издавачката куќа Капитол Рекордс. Изборот им беше препуштен на фановите, кои имаа можност да гласаат за нивните омилени песни на официјалната веб-страница на бендот. Сите песни кои се нашле на овој диск се дигитално преработени и со подобрена акустика.

Албумот бил награден со златен сертификат од Американската музичка индустрија за достигнување тираж од 500 илјади копии. На омотот од албумот е прикажан нуклеарниот облак со форма на печурка наречен замокот Ромео, последица на американскиот нуклеарен тест од 1954 год. На оваа компилација се вклучени песни од сите дотогашни студиски албуми на Мегадет, со додаток на „Angry Again“ од музичкиот материјал наменет за акциониот филм „Last Action Hero“.

Насловот Back to the Start е извадок од песната „Rust in Peace...Polaris“ од истоимениот албум издаден 1990 год.

Список на песни[уреди]

  1. Holy Wars... The Punishment Due – 6:32
  2. In My Darkest Hour – 6:26
  3. Peace Sells – 4:02
  4. Sweating Bullets– 5:26
  5. Angry Again – 3:47
  6. À Tout le Monde – 4:25
  7. Trust – 5:12
  8. Kill the King – 3:42
  9. Symphony of Destruction – 4:06
  10. Mechanix– 4:21
  11. Train of Consequences – 3:30
  12. Wake Up Dead – 3:38
  13. Hangar 18 – 5:12
  14. Dread and the Fugitive Mind – 4:23
  15. Skin o' My Teeth – 3:15
  16. She-Wolf – 3:39
  17. Prince of Darkness – 6:28

Музички персонал[уреди]

На ДВД изданието се прикажани инсерти од концерт на кој настапува поставата во следниов редослед: Дејв Мастејн, Дејвид Елефсон, Марти Фридмен и Џими Деграсо.

Наводи[уреди]