The Scorpion

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„The Scorpion“
MegadethTheScorpion.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот The System Has Failed
Издаден 2005 год.
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 2004 год.
Жанр Хеви метал
Должина 4:00[1]
Издавачка куќа Сануктари
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Џеф Болдинг и Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Of Mice and Men
(2004)
The Scorpion
(2005)
Gears of War
(2006)

The Scorpion (понекогаш именувана само како Scorpion) е третиот и последен сингл на Мегадет од албумот The System Has Failed. Песната била издадена во 2005 год.[2] а нејзин автор е фронтменот Дејв Мастејн. За разлика од претходните два објавени синглови, „Die Dead Enough“ и „Of Mice and Men“, оваа песна не била поткрепена со видео запис, па така не успеала да се рангира на табелите во САД.[3] За време на турнејата Blackmail the Universe, која почнала во октомври 2004 год. и траела две години, „The Scorpion“ била задолжителен дел од репертоарот на Мегадет. Оттогаш па наваму, оваа песна ниту еднаш не била изведена во живо.[4]

Позадина[уреди]

Оваа песна беше избрана за трет сингл од албумот, но не беше снимен музички запис по тој повод. За дополнителна афирмација, беше изведувана за време на промотивната турнеја за албумот The System Has Failed. Со време, песната била испуштена од стандардната сет листа на Мегадет, впрочем како и поголем дел од песните на тој албум. И покрај зачестеното присуство на концертите на групата, „The Scorpion“ била првата песна на Мегадет што не се рангирала на листата најдобри рок нумери во САД по повеќе од една деценија, по песната „Skin o' My Teeth“ од 1993 год. Ова беше прва од редот синглови на Мегадет што нема да се појават на таа табела, се до песната „The Right to Go Insane“ од 2010.[5] Сепак, оваа нумера не била целосно игнорирана од бендот, бидејќи според песната бил крстен делот од веб страницата на Мегадет, во кој тие одговараат на прашања од фановите. Омотот од синглот бил ставен како позадина на тоа поле.[2][6]

Интерпретација на текстот[уреди]

На едно прашање од нивни обожавател (кој мислел дека песната била напишана за кратките љубовни врски),[7] од бендот откриле дека песната била всушност заснована на една басна од Езоп, во која се говори за човековата склоност кон нанесување зло на блиските. Приказната за скорпијата и жабата била музички обработена во оваа композиција. Се смета дека басната за скорпијата и жабата потекнува од западно-африканските племиња, уште од античко време.[8]

Дејството во басната започнува со молба од скорпијата до жабата, во која скорпијата барала да биде пренесена до другата страна на реката. Жабата не сакала да ја исполни молбата, бидејќи се плашела да не добие отровен убод. Скорпијата ѝ одговорила дека ако ја убоде, тогаш и двете би се удавиле. Слушајќи го ова, жабата се согласила. Но, на средина од реката, скорпијата ја боцнала жабата, запечатувајќи ја нивната трагична судбина. Кога била запрашана зошто го сторила тоа, таа одговорила: „Јас сум скорпија. Таква ми е природата.“[9][10] Според еден друг раскажувач, последните зборови на скорпијата биле: „Подобро и јас да загинам отколку да дозволам непријателот да живее.“

Рефренот е најдобар пример за тоа како приказната е вплетена во песната: „Пред да ти се искачам на грбот, ќе ветам дека нема да те боцнам“ се однесува на делот кога скорпијата се качува на жабата и кажува дека нема да ѝ наштети.[11] Во стихот „Ќе ти го кажам она што сакаш да го слушнеш, но нема да се заколнам“ се искажани лагите на скорпијата, а во следниот стих „Ќе се однесувам како кон куче додека ти го вбризгувам отровот“ дознаваме дека скорпијата имала нечесни намери.[12] Крајот на рефренот е објаснувањето на скорпијата зошто ја убила жабата со зборовите „Се преправаше дека не знаеш оти сум скорпија“.

Листа на песни[уреди]

  1. „The Scorpion“ (радио верзија) – 3:59
  2. „The Scorpion“ (студиска верзија) – 6:00

Музички персонал[уреди]

Наводи[уреди]

  1. повеќе (2005). „The Scorpion“. „eil.com“. http://eil.com/shop/moreinfo.asp?catalogid=332494. конс. 9 ноември 2010. 
  2. 2,0 2,1 повеќе (2005). „The Scorpion“. „rateyourmusic.com“. http://rateyourmusic.com/release/single/megadeth/the_scorpion/. конс. 9 ноември 2010. 
  3. „Мегадет > Табели & награди > Билборд синглови“. „Allmusic“. Macrovision. http://www.allmusic.com/artist/p4885/charts-awards/billboard-singles. конс. јануари 5, 2009. 
  4. Blackmail the Universe (репертоар)“. „Setlistfm.com“. http://www.setlist.fm/search?query=artist:(Megadeth)+tour:(Blackmail+the+Universe). конс. 9 ноември 2010. 
  5. Hot Mainstream Rock Tracks (16 септември 2010). „The Right to Go Insane charts at 34“. http://www.americasmusiccharts.com/index.cgi?fmt=R2. конс. 30 април 2010. 
  6. The Scorpion (2010). „The Scorpion“. http://www.megadeth.com/scorpion_archive.php. конс. 9 ноември 2010. 
  7. The Scorpion (16 јануари 2005). „What is The Scorpion about?“. http://www.megadeth.com/scorpion_archive.php?scorpion_id=12. конс. 9 ноември 2010. 
  8. „The Farmer and the Viper“. „Hausa tales and traditions: an English translation of 'Tatsuniyoyi no Hausa'“. стр. 416. http://books.google.com/books?id=-qAz2YUf0qoC&pg=PA146&lpg=PA146#v=onepage&q&f=false. конс. 2010-08-01 Retrieved via Google Books. 
  9. „The Scorpion and the Fox“. 2010. http://www.angelfire.com/fl/EeirensFaerieTales/ScorpionandFox.html. конс. 21 мај 2010. 
  10. „better we should both perish“. 2010. http://www.google.com/search?q=%22It%20is%20better%20we%20should%20both%20perish%20than%20that%20my%20enemy%20should%20live.%22. конс. 21 мај 2010. 
  11. „The Scorpion Lyrics“. „Elyrics.net“. 2004. http://www.sing365.com/music/lyric.nsf/The-Scorpion-lyrics-Megadeth/BE579B90093A29AE48256F0F000F4F47. конс. 9 ноември 2010. 
  12. „The Scorpion Lyrics“. „Oldielyrics.com“. 2004. http://www.oldielyrics.com/lyrics/megadeth/the_scorpion.html. конс. 9 ноември 2010. 

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]