Вини Колајута

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вини Колајута

Колајута со Џеф Бек во Палаис, Мелбурн,
26 јануари, 2009
Биографски податоци
Родено име Винсент Колајута
Роден(а) 5 февруари 1956
Пенсилванија, САД
Жанрови џез, рок, фанк, поп, треш метал, хеви метал
Занимања музичар
Инструменти тапани
Период на активност 1978–денес
Соработници Френк Запа, Стинг, Чак Кореја, Џеф Бек, Херби Хенкок, Тал Викенфилд, Мегадет
Мреж. место vinniecolaiuta.com
Значајни инструменти
сет тапани „Лудвиг“

Вини Колајута (англиски: Vinnie Colaiuta) е тапанар со американско потекло. Со музика почнал да се занимава од 14 годишна возраст, кога неговите родители му го купиле првиот сет тапани. Познат е по неговата уникатна техника на удирање и по тоа што соработувал со музичари од најразлични жанрови и правци.[1]

Претежно снимал студиски сесии за албуми на познатите Френк Запа, Стинг и Мегадет. Неговата кратка кариера со Мегадет започнала во 2004 год. по покана од Дејв Мастејн за снимање на албумот The System Has Failed. По неколкунеделниот работен ангажман со бендот, Колајута продолжил со соло настапите. Денес сѐ уште активно се занимава со музика, но главно на повик од други музичари.[2]

Наводи[уреди]

  1. Allmusic Review Allmusic Biography Vinnie Colaiuta Credits
  2. Okay Vinnie, Where's Five? by Don Zulaica, Drum! Magazine, 2003

Надворешни врски[уреди]