Almost Honest

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Almost Honest“
Megadeth – Almost Honest.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот Cryptic Writings
Издаден септември 1998 [1]
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 1996
Жанр Хеви метал
Должина 4:09
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Марти Фридмен
Продуцент Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Trust
(1997)
Almost Honest
(1997)
Use the Man
(1998)

Almost Honest е вториот сингл на Мегадет од нивниот студиски албум Cryptic Writings. Издаден бил во септември 1997 година, а освен на албумот може да се најде и на компилациите Capitol Punishment: The Megadeth Years и Warchest, но не и на Greatest Hits: Back to the Start и Anthology: Set the World Afire. Песната се пласирала на 8. место на Билборд табелата за рок нумери.

„Almost Honest“ има слична тематика со „Trust“, но со многу пооптимистички тон. Се работи за поединец кој љубовната врска не ја сфаќа премногу сериозно, но дури по раскинувањето дознава дека навистина сакал.[2] Песната била често изведувана за време на промотивната турнеја за албумот The World Needs a Hero (2001), но оттогаш не била свирена воопшто. Марти Фридмен, еден од авторите на песната, во 2002 за песната изјавил:

Ова е мојата омилена песна од Cryptic Writings. Едноставно е преубава. Одлична е за радио во летно време бидејќи ја доловува суштината на рокенролот. Морам да истакнам дека ремиксуваната верзија е уште позабавна за слушање.

—Марти Фридмен, 2002 год.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]