Црн мршојадец

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црн мршојадец
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
(или Accipitriformes, q.v.)
Фамилија: Accipitridae
Потфамилија: Aegypiinae
Род: Aegypius
Savigny, 1809
Вид: Црн мршојадец
Биномен назив
Aegypius monachus
(Linnaeus, 1766)
  • Зелено: Сегашна распространетост.
  • Зелено ?: Можеби сè уште го има.
  • Зелено R: Повторно населување.
  • Сино: Зима.
  • Темно сиво: Поранешна распространетост.
  • Темно сиво ?: Несигурна поранешна распространетост.

Црниот мршојадец (Aegypius monachus) е член на фамилијата Accipitridae, граблива птица која е еден од двата најголеми мршојадци од стариот свет. Птицата е само далечно поврзана со мршојадците од новиот свет кои се во посебна фамилија Cathartidae меѓутоа спаѓаат во ист ред. Поради тоа, не е директно роднински поврзан со многу помалиот американски црн мршојадец и покрај сличното име и обоеност. Црниот мршојадец порано се среќавал и во Македонија.

Распространетост[уреди]

Црниот мршојадец е евроазиски вид. Западните граници на неговата распространетост се во Шпанија и внатрешноста на Португалија, како и јужна Франција. Можат да се најдат повремено и во Грција, Турција и низ целиот Среден Исток. Досегот на нивното присуство може да се забележи во Авганистан, a источно досега до западна Индија и Централна Азија каде што се размножуваат во Манџурија, Монголија и Кореја. Досегот на нивното живеалиште е фрагментиран особено на европскиот континент. Вообичаено е постојан жител, освен во тие предели каде што острите зими предизвикуваат ограничувања во нивниот атмосферски лет и ограничувања во однос на младите потомоци кога ќе достигнат зрелост за размножување. Во источните граници птиците од најсеверните предели можат да мигрираат сè до Јужна Кореја и Кина. Ограничена миграција, исто така, е забележена низ Средниот Исток ама не е вообичаена.

Живеалиште[уреди]

Овој мршојадец е птица која преферира ридести, планински предели особено суви полуотворени живеалишта на големи надморски височини. Тие секогаш се поврзани со далечни, спокојни предели со ограничено човечко присуство. Тие трагаат по мрши низ различни видови на терен вклучувајки степи, тревни предели, отворени шумски предели покрај речни крајбрежја или низ секој вид на планински живеалишта. Во нивниот сегашен европски досег на живеење и низ кавкаскиот предел и Средниот Исток, тие можат да се забележат на височина од 100 до 2,000 метри додека низ нивниот азиски досег тие типично се наоѓаат на поголеми надморски височини. Пронајдени се две живеалишта кои очигледно ги преферираат во Кина и Тибет. Во овие предели мршојадците преферираат да живеат во планински шуми на надморска височина од 800 до 3,800 метри додека други претпочитаат суви или полусуви алпски пасишта или тревни предели на надморска височина од 3,800 до 4,500 метри.[2][3] Младенчињата и недозреаните мршојадци можат да прелетаат низ големи пространства како реакција на снежни бури или високи летни температури.[4]

Опис[уреди]

Се верува дека црниот мршојадец е најголемата птица од овој ред во светот. Кондорот, кој е малку поголем сега се смета за птица која припаѓа на друг ред. Птицата е долга 98–120 см, со 2.5–3.1 м распон на крилјата. Тежината достига од 7 до 14 кг, и се смета за една од најтешките летачки птици.[5] Црниот мршојадец по боја е јасно темен, целото тело му е темно кафеава боја со исклучок на посветлата глава кај возрасните. Во лет, од далеку тие изгледаат дека се црни. Масивниот сино-сив клун е најголем од било кој жив мршојадец.

Размножување[уреди]

Црниот мршојадец е вообичаено самотна птица која ретко може да се забележи во пар, но сепак многу почесто од други мршојадци од стариот свет. Кај големи предели за хранење со мрши можат да се соберат мали групи. Такви групи можат да вклучат 12 мршојадци, со исклучителни случаеви од по 30 од многу стари извештаи. Тие се размножуваат во многу отворени колонии чии гнезда ретко можат да се најдат на истото дрво или карпа, за разлика од други мршојадци од стариот свет кои често се гнездат во тесноограничени колонии. Во Шпанија гнездата на овие птици беа пронајдени на оддалеченост од 300 метри до 2 километри едни од други. Крвожедниот мршојадец се размножува во високи планини или шуми гнездејќи се во дрва или повремено на рабови од планински гребени. Сезоната на парење трае од февруари до август или септември. Додворувањето се карактеризира со синхронизирано летање во парови. Птиците користат стапчиња и гранки како градежен материјал за гнездото, а женките и машките се рамноправни во однос на одгледувањето на младите.[6] Огромното гнездо во широчина е долго од 1.45 до 2 метри и во длабочина од 1 до 3 метри. Гнездото се зголемува доколку парот го користи низ годините и вообичаено е украсено со измет и животински кожи. Гнездата можат да се најдат во височина од 1.5 до 12 метри во големи дрвја како даб, клека, бадем или иглолисни дрвја. Повеќето дрвја за гнездење се наоѓаат покрај гребени. Вообичаено се несе само едно јајце, со исклучок по две. Периодот на инкубација варира од 50 до 62 дена со просек од 50 до 56 дена. Новоизлезените млади се полузависни од нивните родители.[7] Првиот лет е забележан кога младите се стари од 104 до 120 дена, меѓутоа тој период може да се продолжи и за дополнителни два месеца зависно од родителите.[4] Следењето со радиосателит сугерира дека добата на независност на адолесцентните од нивните родители е вообичаено од 5.7 до 7 месеци т.е. 2-3 месеци од првиот лет. Успехот на гнездење на овој мршојадец е релативно висок, со околу 90% од јајцата успешно изгнездени и со повеќе од половина од годишните птици кои преживуваат до возрасно доба. Тие се посветени родители, двајцата штитејќи го гнездото и хранејќи ги своите млади во смени, со полусварена храна. Видот може да живее до 39 години иако 20 години и помалку е поверојатно и немаат некој вообичаен предатор освен човекот.[7][8]

Исхрана[уреди]

Како и сите мршојадци, и овој се храни претежно со мрши. Се храни со мршите на најголемите достапни цицачи, потоа риби и влекачи.[6]

Статус[уреди]

Црниот мршојадец се намали како вид во последните 200 години како резултат на конзумaција на токсична храна која била наменета за труење на кучиња или други грабливки и како резултат на зголемените хигиенски стандарди поради кои достапноста на мрши е драстично намалена, и затоа моментално е означен како блиску загрозен вид. Мршојадци од сите видови, иако не се цел на операциите на труење, сепак можат да бидат застрелани од локалните жители. Заробување и ловење на овој вид е вообичаено често во Кина и Русија. Можеби уште поголема закана за овој самотен вид е процесот на модерен развој и уништувањето на нивните природни живеалишта. Гнездата кои не се наоѓаат премногу високо на дрвјата се прилично достапни за колекционерите на јајца и дрва за огрев.[2] Падот на присуството на овој вид е најголем во западните граници на нивните живеалишта со чест резултат на комплетно изумирање во одредени eвропски земји (Франција, Италија, Австрија, Полска, Словачка, Молдавија, Романија) и целосното исчезнување во северозападна Африка (Мароко и Алжир). Исто така, тие не се гнездат повеќе во Израел. Во последно време заштитата и шемите за наменско хранење овозможија локален раст во нивниот број, особено во Шпанија, каде што бројот се зголеми до 1,000 пара до 1992, откако се намали до 200 пара во 1970. Колонијата сега ја прошири својата зона на размножување и во Португалија. На други места во Европа многу мали, но зголемувачки бројки на размножување се забележани во Бугарија и Грција и моментално се одвива шемата за рехабитација во Франција. Нивоата на малите популации во Украина и во eвропска Русија како и aзиските популации не се добро документирани. Во земјите на поранешниот СССР овој вид сè уште е загрозен како резултат на нелегално заробување за зоолошки, а во Тибет како резултат на родентициди. Видот е редовен крајбрежен зимски посетител во мали броеви во Пакистан. А од почетокот на 21 век глобалната популација на црниот мршојадец е проценета на 4500-5000 индивидуи.

Етимологија[уреди]

Називот Aegypius потекнува од грчкиот збор (αιγυπιος) за „мршојадец“ или за птица која не наликува на ниту една друга, а римскиот автор Аелиан го опишува aegypius како „вид помеѓу мршојадец (gyps) и орел“. Некои автори мислат дека е добар опис на lammergeier, додека други не се согласуваат. Aegypius претставува епоним за целиот вид, без разлика на други описи. Англиското име „црн мршојадец“ претставува опис за неговата темна боја додека називот „калуѓер мршојадец“ претставува директен превод од неговото германско име Mönchsgeier и се однесува на неговата ќелава глава и пердувите околу вратот кои потсетуваат на традиционалната калуѓерска наметка. Cinereous (Латински cineraceus, пепеласт, блед, бледосив) претставува наменски обид да се промени неговото име за да се разликува од американскиот црн мршојадец.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. IUCN redlist.
  2. 2,0 2,1 Gavashelishvili, A.; McGrady, M. J.; Javakhishvili, Z. (2006). „Planning the conservation of the breeding population of cinereous vultures (Aegypius monachus) in the Republic of Georgia“. „Oryx“ 40 (1): 76–83. doi:10.1017/S0030605306000081. 
  3. Gavashelishvili, A.; McGrady, M. J. (2006). „Geographic information system-based modelling of vulture response to carcass appearance in the Caucasus“. „Journal of Zoology“ 269 (3): 365–372. doi:10.1111/j.1469-7998.2006.00062.x. 
  4. 4,0 4,1 Gavashelishvili, A.; McGrady, M.; Ghasabian, M.; Bildstein, K. L. (2012). „Movements and habitat use by immature Cinereous Vultures (Aegypius monachus) from the Caucasus“. „Bird Study“ iFirst: 1–14. doi:10.1080/00063657.2012.728194. 
  5. [1]
  6. 6,0 6,1 "Cinereous Vulture Fact Sheet, Lincoln Park Zoo"
  7. 7,0 7,1 [2]
  8. [3]
Цитирана литература


Надворешни врски[уреди]