Римски промагистрат

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стар Рим
Политика на и управување во Стариот Рим

Римско Кралство
753 п.н.е.510 п.н.е.
Римска Република
510 п.н.е.27 п.н.е.
Римска Империја
27 п.н.е.476

Принципат
Западно царство

Доминат
Источно царство

Редовни магистрати

Конзул
Претор
Квестор
Промагистрат

Едил
Трибун
Цензор
Управник

Вонредни магистрати

Диктатор
Магистер еквитум
Конзуларен трибун

Рекс
Триумвири
Децемвири

Титули и почести
Цар

Легат
Дукс
Официус
Префект
Викариј
Вигинтисексвири
Ликтор

Магистер милитум
Император
Принцепс сенатус
Понтифекс максимус
Август
Цезар
Тетрарх

Политика и право

Сенат
Курсус хонорум
Римски собранија
Колегијалност

Римско право
Римско граѓанство
Аукторитас
Курсус хонорум


Промагистрат бил римски функционер кој имал власт и надлежности на магистрат, но не извршувал магистратски функции[1]. Промагистратите биле воспоставени за време на Римската република, со цел да се обезбеди Рим да има свои намесници во сите прекуморски територии, наместо секоја година да се избираат се повеќе магистрати.

Промагистратите биле именувани со указ на Сенатот (лат.: Senatus consultum). Како и сите акти на Сенатот, и овие именувања не биле потполно легални и римските народни собранија можеле да ги поништат и да именуваат нови.

Промагистратите можеле да бидат проквестори (наместо квестори), пропретори (наместо претори) и проконзули (наместо конзули). Промагистратите имале ист авторитет над својата провинција како и соодветните магистрати во Рим и имале ист број ликтори во придружба.

Исто така, имало и прокуратор кој вообичаено управувал со финансиите на провинцијата. Тој немал магистратска власт, но кога царот Клаудиј им дал власт, им овозможил да управуваат со провинцијата.

Институцијата промагистрат настанала поради тоа што Римјаните сметале дека е несоодветно да продолжат со зголемувањето на бројот на редовните магистрати за да можат да управуваат со новоосвоените провинции.

Намесникот на провинцијата имал скоро неограничена власт и максимално го оптоварувал населението со нови даноци и давачки. Исто така, имал потполн имунитет од кривично гонење додека бил на служба. Вообичаено било провинциските намесници повторно да се кандидираат за истата служба за да го избегнат кривичниот прогон.

Наводи[уреди]