Прилепско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прилепско Езеро
Прилепско Езеро - Езерото и браната
Прилепско Езеро - Езерото и браната
Езерото и браната
Карта
Координати 41°23′15″N 21°35′56″E / 41.38750° СГШ; 21.59889° ИГД / 41.38750; 21.59889Координати: 41°23′15″N 21°35′56″E / 41.38750° СГШ; 21.59889° ИГД / 41.38750; 21.59889
Вид вештачко
Главен дотек Ореовечка Река
Земји во сливот Македонија
Најг. должина 1,4 км
Најг. ширина 0,6 км
Површина 0,54 км2
Најг. длабочина 28 м
Водна зафатнина 0,6 км3

Прилепско Езеровештачко езеро во месноста Гладно Поле во непосредна близина на Прилеп. Ваквата географска положба овозможува ова езеро да биде рекреативен центар и туристички мотив. Езерото е изградено на Ореовечка Река во 1967 г. и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода.[1] Тоа зафаќа површина од 0,54 км2. Долго е 1,4 км, а широко 400 до 600 м. Најголема длабочина му е 28 м. Во езерото можат да се акумулираат 6.000.000 м3 вода.[2]

До Прилепското Езеро се стасува по патот Велес - Прилеп (Р1312). Под езерските води се наоѓа потопеното село Пештерица.

Спортско-рекреативен центар[уреди | уреди извор]

Во 2021 г. крај езерото е изграден спортско-рекреативен комплекс со летниковци, мултимедијален центар на отворено, подиум за манифестации, игралишта за кошарка, одбојка, маси за пинг-понг, четири детски игралишта, осветлена пешачка патека и пристапна рампа за лица со попреченост.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Хидросистем“. Тутунски комбинат АД Прилеп. Архивирано од изворникот на 11 февруари 2010. Посетено на 11 март 2010.
  2. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1223. ISBN 978-608-203-024-1.
  3. „Ставен во функција спортско-рекреативниот комплекс кај Прилепското езеро“. Општина Прилеп. 6 септември 2021. Посетено на 20 јануари 2024.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]