Персиски леопард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Персиски леопард
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Фамилија: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. saxicolor
Триномен назив
Panthera pardus saxicolor
Pocock, 1927

Персискиот леопард (Panthera pardus saxicolor) познат и како Ирански леопард, е еден од подвидoвите на леопард, кој живее во западна Азија. Овој подвид е критично загрозен на целата негова распространетост низ Блискиот Исток.

Карактеристики[уреди]

Персискиот леопард се смета за најголем од сите подвидови на леопарди во светот. Расте во висина од 45 до 82 сантиметри (висина до рамениците) и тежи до 70 килограми. Пред 1990 година, кога Ерменија, Азербејџан, Грузија, Русија и Туркменистан беа советски републики, научните имиња на леопардите кои живееле на овие простори биле P.p. tulliana и P.p. ciscaucasica. P.p. saxicolor било употребувано за леопардите кои живееле на териториите на Иран и Авганистан. Во моментот се проценува дека има неколку стотини индивидуи во светот.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Овој подвид го среќаваме во Иран, Азербејџан, Грузија, Туркменистан, Узбекистан, Пакистан, Таџикистан и северозападен Авганистан. Живеалиштето варира од планински степи до пасишта, но и било каде каде што има услови за криење и доволно плен. Постојат и непроверени пријави за големи мачки во југоисточна Турција кои е можно да се однесуваат на овој леопард; за повеќе информации видете Касписки тигар.

Во Ерменија[уреди]

Во Ерменија, персискиот леопард живее во боровите шуми, а помалку и во суровите субпланински и планински ливади. Нивните живалишта се карпести предели каде има доста гребени. Овој предатор ги користи истите патеки при секојдневните движење, па доколу ги знаеме овие патеки, лесно може да забележиме траги од овие големи мачки. Леопардот во Ерменија е загрозен најмногу поради ловот. Персискиот леопард живее и во резерватот Шикахог.

Во Ерменија, луѓето и леопардите коегзистираат од времето на холоценот, и до средината на 20-тиот век овие мачки биле доста чести во планините. Во 1950-1970-тите, локалната популација на леопарди се зголемувала и почнала да се проширува на север, како што се гледа од зголемувањетоа на бројот на кожи од леопард кои пристигнуваат од северните делови на Ерменија. [1]

Во Азербејџан[уреди]

Овој леопард живее во јужните региони на Азербејџан, најмногу на планините Талиш, Нагорно-Карабак и Накичеван. И покрај тоа што повремено бил забележуван, до 1990-тите не било сигурно дали овој подвид е изумрен во Азербејџан или не, се до март 2007 година кога индивидуа била сниена на камера во Националниот парк Хиркан.

Во Грузија[уреди]

Во Грузија останати се само неколку леопарди во дивината. Денес, тие главно живеат во густите шуми, иако неколку од нив биле забележани и во рамнините во југоисточниот регион Какети во 2004 година[2]. За време на последните 60-тина години, неколку пати биле забележани леопарди во околината на Тбилиси и провинцијата Шида Картли која се наоѓа северозападно од главниот град.

Во Иран[уреди]

Персиски леопард во Зоолошката градина Јихлава, Чешка

Во Иран, овој подвид живее на планинските венци Алборз и Загрос. Овие планиние покриваат голем регион, почнувајќи од границите со Турција, Азербејџан и Ерменија, преку каспијскиот регион до Туркменистан и западните делови на Авганистан. Регионот Загрос ја проширува распространетоста на леопардот до јужниот дел на Иран, близу до Голфскиот Залив. Популациите во овој регион се мали и фрагментирани. Најголема закана за видот претставуваат човечките активности и населби.

Персискиот леопард од Иран најмногу лови кози Безоар (Capra aegagrus) и диви овци (Ovis orientalis). Повремено, негов плен се и дива свиња (Sus scrofa), црвен елен (Cervus elaphus maral) и домашни животни или кучиња.

Најголемата закана за леопардите во Иран претставува фрагментацијата на популациите, уништувањето на неговото природно живеалиште поради зголеменото ширење на човекот, труењето и ловот. Преживувањето на леопардот надвор од заштитените региони се смета дека е минимално. Ова животно е значаен вид и неговото присуство покажува дека екосистемот е стабилен. Персискиот леопард е суперпредатор во повеќето региони во Иран.

Исхрана[уреди]

Исхраната на леопардот многу зависи од регионот во кој живее. Овој подвид се храни со најразлични животни, од мали цицачи и птици, до големи животни како елен, антилопа, дива коза и повремено дива свиња.

Опасности[уреди]

Овој подвид е на листата на загрозени видови и секоја меѓународна трговија со примероци е забранета. Персискиот леопард е загрозен поради загубата на природното живеалиште, прогонот и ловот. Ова животно страда и поради војните кои се одвиваат во планинските предели на неговата распространетост.

Наводи[уреди]

  1. Персиските леопард во Ерменија од Igor Khorozyan
  2. Antelava, Natalia. Леопард забележан во Грузија. BBC News. 2004. 1 јули, 2007. http://news.bbc.co.uk/2/hi/science/nature/3746491.stm

Библиографија[уреди]

  • Khorozyan, I. et al. 2005. The Persian Leopard Prowls Its Way to Survival. Endangered Species Update 22 (2): 51-60
  • Министерство за заштита на природата, Ереван, Ерменија
  • Центар за еколошки истражувања, Ереван, Ерменија
  • M. Jahanshai. 2002. Population status of the Persian Leopard in Iran.
  • Woodroffe, R. 2000. Predators and people 165-173.
  • Zulfiqar, A. 2001. Leopard in Pakistan’s North West Frontier Province. Cat News 35: 9-10.
  • Shakula, V. 2004. First record of leopard in Kazakhstan. Cat News 41: 11-12.
  • Gasparyan, K.M. and F.S. Agadjanyan. 1974. The panther in Armenia. Biological Journal of Armenia 27: 84-87.
  • Janashvili, A. "Leopard." Georgian Soviet Encyclopedia. Vol. 11, Tbilisi, 1984, стр. 567
  • Ali Aghili. 2004. Persian Leopard in the Caucasus Range of Iran
  • Ali Aghili. 2004. Persian Leopard in North-East of Iran

Надворешни врски[уреди]