Занзибарски леопард

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Занзибарски леопард
Изложен примерок во Занзибарскиот музеј
Заштитен статус

Критично загрозен, можеби изумрен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Фамилија: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. adersi
Триномен назив
Panthera pardus adersi
(Pocock, 1932)

Занзибарскиот леопард (Panthera pardus adersi) најверојатно е изумрен подвид на леопард, и ендемичен вид за Унгуџа, остров во Занзибарскиот архипелаг, кој е дел од Танзанија. Зголемувањето конфликотот меѓу леопардите и луѓето во 20-тиот век довело до демонизирање на овој вид и организирање на обиди за нивно целосно уништување. Напорите за зачувување на овој вид во средината на 1990-тите биле одложени поради тоа што истражувачите заклучиле дека шансите за целосно закрепнување на овој леопард се минимални.

Еволуција[уреди]

Еволуцијата на занзибарскиот леопард е слична како и на останатите ендемични видови за Унгуџа, вклучувајќи ги и Занзибарскиот сервелински генет и Занзибарски црвен колобус. Се претпоставува дека еволуирал изолиран од африканскиот леопард најмалку од крајот на последното ледено доба, кога островот се одвоил од танзаниското копно поради зголемување на нивото на морето. Ефектот на основањето и адаптацијата на локалните услови, создале леопард кој е помал од неговите роднини кои живеат на копното, но и кој „ги сменил своите точки“. Поточно кажано, кај овој подвид бројните розети делумно се претвориле во точки[1][2].

Однесување[уреди]

Биологијата и однесувањето на занзибарскиот леопард се многу малку познати. Во музеите има само 5 кожи од овој подвид, вклучувајќи ги и типовниот вид во Музеојот на историја на природата во Лондон и познатиот изложен примерок во Занзибарскиот Музеј.[3]. Занзибарскиот леопард никогаш не бил проучуван во дивината, а последниот пар кога бил забележан од истражувачи било на почетокот на 1980-тите.[4]. Повеќето зоолози претпоставуваат дека овој подвид на леопард е целосно или речиси изумрен вид.[5]. Сепак, податоците на занзибарската влада укажуваат дека леопарди биле убивани до средината на 1990-тите, а локалното население сè уште пријавува напади на стоката.[6].

Демонизација и истребување[уреди]

Локалното селско население ги опишува леопардите како ѕверови чувани од вештерки кои ги праќаат за да им наштетат на селаните. Ова верување е со комплетно оформена идеја за тоа како се огледувани, тренирани и праќани да прават зло. За локалните фармери ова е одлично објаснување за предаторскиот карактер на овие животни и на фактот дека „се појавуваат од никаде“ во близина на фармите и селата.[7].

Со заголемувањето на бројот на луѓето и ширењето на земјоделството во 20-тиот век, голем дел од природното живеалиште на леопардот и на останатите животни било уништено. Зголемениот конфликт помеѓу луѓето и леопардите довело до неколку кампањи за истребување на овие мачки. На почетокот лепардот бил локализиран на одредени места на островот, но неговата распространетост се проширила по занзибарската револуција во 1964 година, кога била покрената комбинирана кампања против вештерство и леопарди. Кампањата била промовирана од страна на најпознатиот наоѓач на вештерки во Уганџа, Китанзи. Спроведувањето на оваа кампања и класифицирањето на леопардот како штетник, го довеле до работ на изумирањето[3].

Заштитен статус[уреди]

Серозно внимание не се обрнувало на проблемот со занзибарскиот леопард се до средината на 1990-тите, кога некои истражувачи веќе почнале да го класифицираат како изумрен вид.[8]. Програма за заштита на леопардот била лансирана, но набргу во 1997 година била стопирана откако истражувачите не успеале на докажат присуство на леопардот во и околу шумата Џозани[5].

Локалните власти сепак останале оптимисти за преживувањето на овој подвид. Некои селани, сакајќи да заработат, предлагаат на туристи и истражувачи да видат „припитомени“ леопарди, меѓутоа досега ниту една од овие потраги по леопарди не завршила успешно[4][9][10].

Наводи[уреди]

  1. Pakenham, R.H.W. (1984). „The Mammals of Zanzibar and Pemba Islands“. Harpenden: privately printed. 
  2. Kingdon, J. (1989). „Island Africa: The Evolution of Africa's Rare Animals and Plants“. Princeton: Princeton University Press. 
  3. 3,0 3,1 Walsh, M.T. & Goldman, H.V. (2003). „The Zanzibar Leopard Between Science and Cryptozoology“. „Nature East Africa“ 33 (1/2): 14–16. 
  4. 4,0 4,1 Swai, I.S. (1983). Wildlife Conservation Status in Zanzibar. Unpublished M.Sc. dissertation, University of Dar es Salaam.
  5. 5,0 5,1 Stuart, C. & Stuart, T. (1997). A Preliminary Faunal Survey of South-eastern Unguja (Zanzibar) with Special Emphasis on the Leopard Panthera pardus adersi. African-Arabian Wildlife Research Centre, Loxton, South Africa.
  6. Goldman, H.V. & Walsh, M.T. (2002). „Is the Zanzibar Leopard (Panthera pardus adersi) Extinct?“. „Journal of East African Natural History“ 91 (1/2): 15–25. doi:10.2982/0012-8317(2002)91[15:ITZLPP]2.0.CO;2. 
  7. Goldman, H.V. & Walsh, M.T. (1997). „A Leopard in Jeopardy: An Anthropological Survey of Practices and Beliefs which Threaten the Survival of the Zanzibar Leopard (Panthera pardus adersi)“. „Zanzibar Forestry Technical Paper No. 63, Jozani-Chwaka Bay Conservation Project, Commission for Natural Resources, Zanzibar“. http://dccff.com/archives/tp063.pdf/. конс. 17 јануари 2007. 
  8. Nowell, K. & Jackson, P. (1996). „Wild Cats“. Gland, Switzerland: МСЗП. 
  9. Marshall, S. (1994). The Status of the Zanzibar Leopard. SIT Tanzania & Commission for Natural Resources, Zanzibar.
  10. Selkow, B. (1995). A Survey of Villager Perceptions of the Zanzibar Leopard. SIT Tanzania & Commission for Natural Resources, Zanzibar.

Надворешни врски[уреди]