Индискиот леопард (Panthera pardus fusca) е подвид на леопард кој живее на индискиот потконтинент, најмногу во Индија.
Распространетост и живеалиште [уреди]
Индискиот леопард е распространет низ целиот потконтинент, вклучувајќи и граничните региони на Непал, Бутан, Бангладеш, Пакистан и јужна Кина. Живеалиштето варира од суви листопадни шуми, пустини, тропски дождовни шуми и северните борови шуми.
Опасности [уреди]
И покрај неговата голема распространетост, на индискиот леопард му се закануваат неколку опасности. Животното го дели живеалиштето со други видови како азиски лав, бенгалски тигар, мечка, волк, азиски слон, хиена и диви кучиња. Овие животни можат да убијат младенчиња на леопард, а лавовите и тигрите можат да нападнат дури и возрасна индивидуа. Покрај неговите природни непријатели, главна закана претставуваат и луѓето. Веќе со години, овој вид е загрозен како последица на уништувањетоа на природното живеалиште и ловот. Во некои делови во Индија, леопардот живее во близина на човечки населби. Поради достапноста, тој ја напаѓа стоката што доведува до конфликт меѓу леопардите и луѓето. За да се избегнат овие проблеми, индиското министерство за шуми редовно поставува стапици во потенцијално конфликтните региони. Доколу леопардот се фати во стапицата, тој потоа е пуштен во соодветна средина.
Галерија [уреди]
- ↑ Cat Specialist Group (2002). Panthera pardus. Црвена листа на МСЗП на Загрозени видови од 2007 година. МСЗП 2007. Вчитано на 12 август 2008. Податоците содржат и објаснувања за конзервацискиот статус на овој вид.
Надворешни врски [уреди]
|
|
|
| Подвидови |
|
|
| Познати леопарди човекојади |
|
|