Африкански леопард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Африкански леопард
Африкански леопард во Намибија
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Фамилија: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. pardus
Триномен назив
Panthera pardus pardus
(Лине, 1758)

Африканскиот леопард (Panthera pardus pardus) е најбројниот подвид на леопард во светот. Овој подвид е распространет низ Африка, oд планинаските региони (ЈАР, Зимбабве...) до пасиштата (Габон, Конго...) и саваните (Кенија, Танзанија...), вклучувајќи и доста сурови пустински региони како пустината Калахари во Намибија. Сепак, најмногу ги има во недостапните дождовни шуми. Како и останатите големи цицачи, и овој подвид на леопард е отсутен во регионите каде што има голема концентрација на луѓе.

Leopard Senegal.jpg

Карактеристики[уреди]

Базичната боја на крзното на африканскиот леопард варира во разни делови од Африка. Во зависност од локацијата и живеалиштето, бојата варира од црвеникаво-кафена, преку темно жолта до кремава. Африканските леопард се прошарани со црни розети, најчесто без точки во внатрешноста. Шарата на крзното е уникатна за секоја индивидуа. Мажјаците генерално се поголеми и потешки од женките за околу 40%. Тие достигнуваат тежина до 90 килограми и се долги 1,90 метри плус околу метар долгата опашка.

Исхрана и лов[уреди]

Африканскиот леопард се храни со најразлични видови вклучувајќи инсекти, глодари, рептили, големи цицачи, па дури повремено и домашна стока. Леопардите се многу силни животни и можат да качат на дрво плен кој е неколку пати потежок од нив (како на пример Сино гну). Овие животни го качуваат пленот на високите гранки за да го заштитат од натрапници. Африканските леопарди се ноќни животни и најчесто не ловат до самрак. Сепак, тие се опортунистички ловци па можат да ловат и преку ден доколку е неопходно.

Леопардите го следат нивниот плен. Го убиваат со задушување кое следи по загриз на грлото со нивните моќни вилици. Ретко се борат со други предатори за храна, најмногу поради ризикот од повреда.

Наводи[уреди]