Национален парк Те Уревера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк Те Уревера
Te Urewera National Park
МСЗП Категорија II (Национален парк)
{{{float_caption}}}
{{{base_caption}}}
Карта на Нов Зеланд
Место Хоков Залив
Најблизок град Гизборн
Координати 38°45′00″ ЈГШ 177°09′00″ ИГД / 
Површина 2127 км²
Основан 1954
Управен орган Служба за заштита на природата

Националниот парк Те Уревера (англ. Te Urewera National Park) — поранешен национален парк во Нов Зеланд и најголемиот од четирите на Северниот Остров. Зафаќа површина од околу 2.127 км², и се наоѓа североисточно од регионот Хоков Залив.

Областа е прогласена за национален парк на 28 јули 1954 г, сочинувајќи се од сливното подрачје на езерата Ваикаремоана, Ваикареити и други крунски резервати, а во 1957 кон паркот се придодадени и сите крунски земјишта северно од Руатахуна, со дополнителни 1.350 км². Паркот е прошируван и во 1962, 1975 и 1979 г. со помали додавки и менување на границите во периодот меѓу тие години.

Во паркот не е вклучено езероското дно и маорските енклави. Круната го издава езерското дно под наем, кое е под управа на Службата за заштита на природата.

Те Уревера е роден крај на племето Тухое. Заради географската изолација, овој бил еден од последните региони кои потпаднале под британска власт за време на колонизацијата во XIX век. Маорскиот водач Те Кути во бегство се засолнил кај ова племе, и со нив склучил сојуз.

Името на паркот доаѓа од маорските зборови „уре“ што значи пенис и „вера“ што значи изгорен, па така името би се превело како „изгорен пенис“. Ова се однесува на една маорска приказна за еден главатар кој спиејќи се превртел и се стркалал во логорски оган, и така умрел.

Природознание[уреди | уреди извор]

Паркот е дом на најразновидна флора и птици. Од пониската вегетација мошне распространет е крунскиот папрат (Blechnum discolor).[1] Во паркот живеат сите птици присутни на Северниот Остров освен веката.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. C. Michael Hogan. 2009
  2. Служба за заштита на природата на Нов Зеланд. 2009

Надворешни врски[уреди | уреди извор]