Национален парк Кахуранги
| Национален парк Кахуранги Kahurangi National Park |
|
|
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
|
|
| Карта на Нов Зеланд | |
| Најблизок град | Карамеа |
|---|---|
| Координати | |
| Површина | 4520 km² |
| Основан | 1996 |
| Управен орган | Служба за заштита на природата |
Националниот парк Кахуранги (англ. Kahurangi National Park) е национален парк во заверозападниот дел на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Прогласен е за таков во 1996 г. и зафаќа површина од 4.520 km². Со тоа тој е втор по големина во земјата. Образуван е од поранешниот Северозападен нелсонски шумски парк.
Во паркот се наоѓа ‘ртот Кахуранги, кој се смета за граница помеѓу регионите Западно Крајбрежје и Тасман. Значајни Хифиевата патека и планината Овен.
Паркот е под управа на Службата за заштита на природата. Популарни активности во паркот се планинарењето, сплаварењето (т.н. „рафтинг“) и спелеотуризмот (пештерство). Пред подрачјето да стане национален парк, Хивиевата патека била популарна за планински велосипедизам, но тоа повеќе не е дозволено.
Содржина |
Заштитни иницијативи [уреди]
Покрај постојаната заштитна работа на Службата за заштита на природата, постои и иницијатива на локалната заедница за „имплементирање, во партнерство со Службата за заштита на природата, заштитна стратегија за да се зачуваат и/или врати загрозената флора и фауна во Растителното сливното подрачје на националниот парк Кахуранги. Ова ќе го збогати доживувањето на сите посетители на ова популарно подрачје, и ќе резултира сопоголема распространетост на вредниувањето на паркот кај заедницата и негова поголема употреба.“[1]. „Друштвото има оптегнато стапици во должина од околу 30 километри, а меѓу нив има по 100 метри простор. Постои и програма за истребување на осите. Дел од програмата на друштвото е и надгледување и контрола на птиците.“ [2]
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Информации за националниот парк Кахуранги - Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
Наводи [уреди]
- ↑ Friends of Flora Incorporated, Mission statement. URL:http://www.fof.org.nz/index-2.html
- ↑ Туризмот соработува со заштитата-Bush & Beyond на преден план. URL:http://www.bushandbeyond.co.nz/conservation.htm
|
|||||||||||
