Национален парк Егмонт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк Егмонт
Egmont National Park
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
Национален парк ЕгмонтEgmont National Park
Карта на Нов Зеланд
Карта на Нов Зеланд
Место Таранаки
Најблизок град Њу Плимут
Координати 39°16′00″ ЈГШ 174°06′00″ ИГД / 
Површина 335 км²
Основан 1900
Управен орган Служба за заштита на природата
Сателитска снимка на планината Таранаки од вселенскиот центар Џонсон на НАСА. На сликата е прикажан речиси кружниот облик на националниот парк Егмонт.

Националниот парк Егмонт (англ. Egmont National Park) се наоѓа јужно од Њу Плимут, близу западното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Наречен е по истоимената планина која ги доминира пределите, а планината така ја именувал Капетан Кук, во чест на Џон Персевал, Вториот Ерл од Егмонт, Прв лорд на Адмиралштабот, поддржувач на првото патешествие на капетанот Кук. На маорски плаината со векови се нарекувала Таранаки, а денес двете имиња се подеднакво официјални.

Паркот е основан во 1900, и во него доминира големиот заспан вулкан на планината Таранаки/Егмонт.[1] Паркот преку годината добива обилни врнежи, кои во суштина се од орографско потекло поради влажните западни ветрови кои влегуваат на копното од Тасмановото Море и налетуваат на планината Таранаки и блиските венци Поуакаи и Каитаке и затоа се принудени да се издигнат. Заради големото количество на врнежи и благата крајбрежна клима, подрачјето има бујна дождовна шума која ги покрива падините. Оваа шума е од национално значење заради наполното отсуство на буката (род Јужни буки).

Екологија[уреди]

Пределите на паркот се одликуваат со богата шума од северна рата, риму/широколисни четинари, иако кај севкупниот екосистем на паркот може да се забележи растителна зонација - ратата и римуто се најраспространети во пониските делови, додека пак дрвото камахи доминира во повисоките предели. Во овие прашуми доминира крунскиот папрат (Blechnum discolor) од ниските растенија.[2] Карактерот на растителните заедници се менува со надморската височина, до субалпски и алпски честак на високите предели, во остар контраст со околните обработливи површини и земјоделски пасишта. Мошне забележлива географска форма во паркот е карактеристичниот радијален одводен систем, кој може да се забележи на фотографијата десно.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Белешки[уреди]

  1. GNS Science. 2009
  2. C. Michael Hogan. 2009

Надворешни врски[уреди]