Национален парк Абел Тасман
| Национален парк Абел Тасман Abel Tasman National Park |
|
|
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
|
|
| Карта на Нов Зеланд | |
| Место | Тасман |
|---|---|
| Најблизок град | Мотуека |
| Координати | |
| Површина | 225 km² |
| Основан | 1942 |
| Управен орган | Служба за заштита на природата |
Националниот парк Абел Тасман (англ. Abel Tasman National Park) е национален парк насеверниот крај на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Основан е во 1942 г. и зафаќа површина од само 225,3 km². Со тоа ова е најмалот национален парк во земјата.[1] Паркот се состои од шумски ридести предели северно од долините на реките Такака и Ривака, и на север се граничи со водите на Златниот Залив и Тасмановиот Залив. Паркот е именуван по холандскиот истражувач Абел Тасман, кој во 1642 г. бил првиот Европеец кој го открил Нов Зеланд.
Националниот парк Абел Тасман се е протега повеќе од средниот висок водостој на блиското крајбрежје. Помеѓу средниот висок водостој и средните ниски извори, плажите се сметаат за пејзажен резерват, и зафаќаат вкупна површина од 7,74 km² (околу 70 km во должина).
Одговорен управен орган за паркот е Службата за заштита на природата. Пејзажниот резерват пак, е под управа на генералниот директор на регионалниот совет на Тасман на функционерот т.н. „конзерватор“ при службата заштита на природата одговорен за Нелсон и Марлборо. Активностите во соседните крајбрежни води се надлежност на регионалниот совет. Овие подрачја имаат свои засебни регулативи.
Абел Тасмановата крајбрежна патека (Abel Tasman Coast Track) е популарна планинарска патека која се протега долж крајбрежјето. Постои и внатрешна, копнена патека наречена Абел Тасманова внатрешна патека (Abel Tasman Inland Track), но таа е послабо посетена. Други значајни активности во паркот се кајакарството, кампувањето и посетувањето на природни знаменитости.
Најблиското населено место е гратчето Мотуека кое се наоѓа 20 километри јужно.
Во 2008 кон паркот се придодадени 7,9 km2, вклучувајќи и земја дотогаш во приватна сопственост.[2]
|
Тотарануи е плажа долга 1 km и голем камп во националниот парк Абел Тасман.
|
Видете исто така[уреди]
- Национални паркови во Нов Зеланд
- Планинарски патеки во Нов Зеланд
- Славни планинарски патеки во Нов Зеланд
Наводи[уреди]
- ↑ http://www.doc.govt.nz/templates/PlaceProfile.aspx?id=38455 Национален парк Абел Тасман - Служба за заштита на природата
- ↑ „Националните паркови добиваат во простор“. „соопштение за печат“. Влада на Нов Зеланд. 20 март 2008. http://feeds.beehive.govt.nz/release/national+parks+gain+ground. проверено на 26 март 2008.
Надворешни врски[уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Национален парк Абел Тасман“ |
- Информации за националниот парк Абел Тасман - Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
- Слики од националниот парк Абел Тасман (англиски) (германски)
|
|||||||||||