Национален парк Папароа
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Национален парк Папароа Paparoa National Park |
|
|
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
|
|
| Карта на Нов Зеланд | |
| Место | Западно Крајбрежје |
|---|---|
| Најблизок град | Пунакаики |
| Координати | |
| Површина | 305.6 km² |
| Основан | 1 јануари 1987 |
| Управен орган | Служба за заштита на природата |
Прочуените „Карпи-палачинки“ (Pancake Rocks) во националниот парк Папароа
Националниот парк Папароа (англ. Paparoa National Park) се наоѓа на западното крајбрежје на Јужниот Остров на Нов Зеланд.
Паркот е основан во 1987 г. и зафаќа површина од 306 km².[1] Паркот се протега од крајбрежјето, па сè до врвот на планата Папароа. На север се наоѓа посебен дел од паркот, низ чие средиште тече потокот Анануи.
Паркот заштитува варовничко карстно подрачје. Во него има неколку пештери, а една од нив е туристичка атракција. Најголемиот дел од паркот е пошумен со најразновидна вегетација.
На самиот крај на паркот е сместено малото селце Пунакаики.
Видете исто така [уреди]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- natureandco.com (Национален парк Папароа) (англиски)
|
|||||||||||