Морено Торичели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Морено Торичели
Moreno Torricelli.JPG
Лични податоци
Роден на 23 јануари 1970 (1970-01-23) (44 г.)
Роден во Ерба, Италија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Положба десен бек
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990–1992 Каратезе 57 (3)
1992-1998 Јувентус 152 (1)
1998–2002 Фјорентина 99 (2)
2003-2004 Еспањол 33 (0)
2004-2005 Арецо 25 (1)
Репрезентација
1996-1998 Италија 10 (0)
Раководител на екипите
2009 Пистоезе
2009–2010 Фиљине
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Морено Торичели (роден на 23 јануари 1970 година во Ерба) е италијански фудбалски тренер и поранешен одбранбен играч.

Кариера[уреди]

Торичели првично работел во фабрика, а надвор од работното време истотака игрл фудбал за аматерскиот клуб „Унионе Спортива Каратезе“ кој тогаш се натпреварувал во Серија Д. Во јули 1992 година неговиот Каратезе се сретнал во приятелска натпревар со гигантот Јувентус, којшто бил во процес на предсезонски подготовки.[1] Торичели бил нахдбриот играч во тој натпревар, и му оставил силен впечаток на тогашниот тренер на Јувентус - Џован Трапатони, кој веднаш го довел во редовите Старата дама. Морено го направил дебито во Серија А на 13 септември 1992 година во победата со 4-1 над Аталанта. Тој набрзо станал стартер и тоа уште во првата сезона со Јувентус, а во 1993 година го освоил Купот на УЕФА по победата над Борусија Дортмунд во финалето. Торичели можел да игра на секоја позиција во одбраната, но неговата примарна позиција била десен бек. Во 1996 година Торичели триумфирал со Јувентус во Лигата на шампионите, откако тој ги одиграл сите 120 минути (со продолженијата) во финалето против Ајакс. За време а својот престој во Јувентус, Торичели освоил уште 3 скудета, два суперкупа на Италија, еден Куп на Италија и по еден триумф на УЕФА Супер Купот и Интерконтиненталниот куп.

По 6 сезони во торинскиот клуб, во 1998 година, Торичели преминал во екипата на Фјорентина, каде што играл четири сезони. Во јануари 2003 финансиските влијанија во Фјорентина го принудуваат раководството да се ослободи речиси од сите играчи. Торичели заминал во Шпанија, каде му се приклучил на тимот на Еспањол. Во редовите на каталонците останал само една сезона, по што се вратил во Италија и во 2005 година ја завршил својата кариера во тимот од Серија Б - Арецо.

Репрезентативна кариера[уреди]

Морено Торичели има изиграно 10 натпревари за Италија, со која учествувал на Евро 96 и СП 98. Своето деби во националниот дрес го направил на 24 јануари 1996 во пријатлески натпревар против Велс.

Титули[уреди]

Клубски[уреди]

Италија Јувентус[уреди]

Италија Фјорентина[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „UNA FAVOLA COME SI PUÒ DIVENTARE UN CAMPIONE“ (на италијански). La Stampa. 12 август 1992. http://archivio.lastampa.it/LaStampaArchivio/main/History/tmpl_viewObj.jsp?objid=976011. конс. 13 мај 2012. 
Coppacampioni.png
Јувентус - Шампион на Европа 1996.
Coppacampioni.png

1 Перуци | 2 Ферара | 3 Торичели | 5 Порини | 6 Соуса | 7 Ди Ливио | 8 Конте | 9 Вијали | 10 Дел Пјеро | 11 Раванели | 12 Рампуља | 14 Дешам | 18 Југовиќ | 20 Вјерховод | 21 Падовано | 22 Песото | тренер Липи