Леукемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Леукемија
Класификација и надворешни извори
МКБ-10 C91-C95
МКБ-9 208.9
МКБ-О: 9800-9940
DiseasesDB 7431
MedlinePlus 001299
MeSH D007938

Леукемијата е рак на крвта или коскената срж.[1] Леукемијата се јавува кога телото почнува да акумулира очигледно абнормални бели крвни зрнца (леукоцити). Додека тоа се случува, се намалува бројот и способноста на созреаните крвни зрнца. Зрнцата се нарекуваат абнормални затоа што тие не можат правилно да созреат. Оваа неспособност да се созрее е главниот недостаток во леукемијата.

Во леукемијата незрелитe зрнца се насобираат во телото бидејќи тие не можат да умрат и не можат да се користат. Откако ќе се добие леукемија, леукемичните зрнца се насобираат во коскената срж. На крај, сите нормални бели и црвени крвни зрнца (еритроцити) и крвните плочки (тромбоцити) се истиснуваат и не се обновуваат. Здравата коскена срж се заменува со незрели зрнца кои на крај се слеваат во крвта и се разнесуваат низ телото. Како резултат на тоа, додека бројот на незрелите зрнца во крвта се зголемува, бројот на нормалните еритроцити, леукоцити и тромбоцитите се намалува. Како последица на тоа, пациентот може да чувствува некои од симптомите или знаците на недостаток на одреден вид на крвни зрнца.

Од лева страна: еритроцит, тромбоцит, леукоцит.

Причини кои предизвикуваат леукемија[уреди]

Причините за леукемија не се знаат со сигурност. Меѓутоа, постојат неколку фактори кои очигледно влијаат на развојот на леукемија. Тие се: генетски фактори, радијација, хемикалии и вируси.

Симптоми[уреди]

Симптомите на леукемија се карактеристични за многу други заболувања што ја прави болеста тeшко да се дијагнозира. За некои видови на леукемија не се јавуваат никакви симптоми сè додека болеста не дојде во напредната состојба, а понекогаш дури ни тогаш.

  • Загубата на црвени крвни зрнца води кон премореност и бледило (слабокрвност).
  • Загубата на бели крвни зрнца доведува до повторување на инфекции.
  • Загубата на тромбоцити доведува до појава на црвени дамки на кожата, многубројни модринки и крварење од носот.

Дијагноза[уреди]

Раната дијагноза на леукемијата не значи дека ќе се спречи проширувањето на болеста, затоа што леукемијата е проширена насекаде низ коскената срж од моментот кога ќе се појави.

Дијагноза за леукемија се поставува со два тестови – со правење крвна слика и со биопсија на коскената срж. Кога ќе се земе крв за да се анализира под микроскоп, се одредува бројот на белите крвни зрнца и тромбоцитите во земената крв. Ако бројот на белите крвни зрнца е абнормален, тогаш можеби ќе има: ниско количество на тромбоцити; мал број на црвени крвни зрнца; мал број на зрели бели крвни зрнца; или голем број на незрели или предвременоослободени бели крвни зрнца (наречени бластови). После тоа се прави биопсија на коскената срж. При овој тест, докторот користи игла и шприц за да извади дел од коскената срж. Во текот на процедурата се користат локални или вшприцани аналгетици (лекови против болки). Потоа се анализира и овој примерок.

Видови[уреди]

Четирите вообичаени видови на леукемија се:

  • Акутна лимфобластична леукемија (Acute Lymphoblastic Leukaemia - ALL)
  • Хронична лимфоцитна леукемија (Chronic Lymphocytic Leukaemia - CLL)
  • Акутна миелоидна леукемија (Acute Myeloid Leukaemia - AML)
  • Хронична миелоидна леукемија (Chronic Myeloid Leukaemia - CML)

Акутна леукемија се јавува кога леукемијата ги напаѓа зрнцата многу рано во нивниот живот. Ова значи дека зрнцата не созреваат и воопшто не функционираат. Како последица, постои поголема веројатност пациентот со акутен вид на леукемија да страда од инфекции, крварење и слабокрвност, и скоро секогаш е потребно веднаш да се почне со лекување.

Хронична леукемија се јавува кога леукемијата ги напаѓа повозрасните зрнца. Често овие зрнца во голема мера функционираат нормално и постои помала веројатност да се јават слабокрвност, крварење и инфекции. Овие пациенти не секогаш треба веднаш да се лекуваат, а некои можеби никогаш не ќе треба да се лекуваат.

Извори[уреди]