Тромбоцит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тромбоцит
Red White Blood cells.jpg
Од лева страна: еритроцит, тромбоцит и леукоцит.
Латински thrombocytes
Код TH H2.00.04.1.03001

Тромбоцитите, односно крвните плочки се цитоплазматични фрагменти во крвта и се едни од формативните елементи. Имаат бела боја и се големи околу 4 µ. Тие содржат ткивна материја серотонин и ензим тромбокиназа, кои лесно се ослободуваат при кршење на тромбоцитот. Со тоа тромбоцитите имаат витална улога во хемостазата, поточно во коагулацијата на крвта (згрутчуваат за да се спречи крварење). Ако некој крвен сад е оштетен (на пример, со пресекување или со модринки), тромбоцитите брзо одат на местото и се групираат за да ја затнат пукнатината.

Недоволен број на тромбоцити може да предизвика често крварење од носот, подолго крварење при пресекување, абнормално добивање модринки, или крварење во столицата, урината или на кожата. Во сериозни случаи, кога бројот на тромбоцитите е многу мал, постои опасност од крварење во внатрешните органи или во мозокот.