Анџело Перуци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анџело Перуци
Лични податоци
Роден на 16 февруари 1970(1970-02-16)(54 г.)
Роден во Блера, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција голман
Повлекување 20 мај 2007 (37 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1986-1989 Рома Рома 13 (0)
1989-1990Верона Верона 29 (0)
1990-1991 Рома Рома 3 (0)
1991-1999 Јувентус Јувентус 208 (0)
1999-2000 Интер Интер 33 (0)
2000-2007 Лацио Лацио 192 (0)
Репрезентација
1995-2006 Италија Италија 31 (0)
Раководител на екипите
2008–2010 Италија Италија (тех. соработник)
2010–2012 Италија Италија 21 (помошник)
2012 Сампдорија Сампдорија (помошник)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Анџело Перуци (роден на 16 февруари 1970 година, во Блера) — италијански фудбалски тренер и поранешен играч, на позицијата голман. Тој бил член на шампионската репрезентација на Италија, која триумфирала на Светското првенство 2006 година. Перуци е исто така и трикратен добитник на наградата Голман на годината во Серија А.

Перуци се пензионирал од професионалниот фудбал по сезоната 2006-07 и потоа работел како асистент-тренер на Чиро Ферара во Сампдорија во Серија А, позиција на која бил назначен во јули 2012 година, од страна на самиот тренер. Претходно тој му бил асистент на Ферара, две години и во младата репрезентација на Италија под 21-на година[1].

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рома и Верона[уреди | уреди извор]

Перуци израснал во младинските категории на Рома, а своето деби во Серија А го имал на 13 декември 1987, во натпреварот Милан-Рома кој завршил со резултат 0-2, а во кој добил шанса поради повредата на стандардниот голман Франко Танкреди.[2] Со Џалоросите исто така играл и во наредната година, во која собрал 12 лигашки настапи, 7 во италијанскиот куп и еден во Купот на УЕФА.

Во сезоната 1989-90 Перуци бил испратен на заем во екипата на Верона, која исто така тогаш се натпреварувала во Серија А, со цел да може да брани редовно. Тој собрал 29 настапи за клубот кој на крајот од таа сезона испаднал во Серија Б.

Враќање во Рома и дисквалификација[уреди | уреди извор]

За време на сезоната 1990-1991 во Серија А, Перуци се вратил назад во Рома. По три кола во првенството, тој бил главниот лик заедно со Андреа Карневале во една допинг-епизода[3] во која бил позитивен на фентермин, по што бил дисквалификуван за дванаесет месеци.[4]

Јувентус[уреди | уреди извор]

За време на сезоната 1991-1992 тој потпишал за Јувентус за 4,5 милијарди лири[5], каде што ќе останe до 1999.

По првата сезона, во која собрал 6 лигашки настапи и 6 во италијанскиот куп, Перуци станал постојан стартер на голот на Јувентус. Во сезоната 1992-1993, тој доаѓа до првиот репрезентативен успех, со победата во Купот на УЕФА. За време на сезоната 1994-1995 тој го освоил своето прво скудето, комплетирајќи ја сезоната со освојувањето на италијанскиот куп. Во 1995 година тој го освоил и италијанскиот Суперкуп.

Во 1996 година тој се искачил на врвот на Европа откако ја освоил Лигата на шампионите, во финалето во Рим против Ајакс кога одбранил два пенали одлучувачки за освојувањето на трофејот, откако во редовното и дополнителното време резултатот бил нерешен. Во 1996 година тој исто така го освоил и Суперкупот на Европа и Интерконтиненталниот куп, соодветно во натпревари против ПСЖ и Ривер Плата. Во сезоната 1996-1997 и 1997-1998 тој освоил уште две скудета со Јувентус и еден италијански Суперкуп, но и загубил две последователни финалиња во Лигата на шампионите.

Во сезоната 1998-1999 тој ја одиграл неговата последна сезона на голот на Јувентус, по која тој замина од клубот откако направил вкупно 301 настап; во лигата и домашните купови и меѓународните натпревари.

Во текот на годините во Јувентус, тој бил наречен "дива свиња" од страна на неговиот соиграч Анџело Ди Ливио заради неговата извонредна физичка големина, прекар што ќе се врати, исто така, во следните тимови.[6]

Интер[уреди | уреди извор]

Тој потоа отишол во редовите на Интер, придружувајќи му се на Марчело Липи кој бил негов тренер и во Јувентус.

Како голман на нероазурите собрал 33 настапи. На крајот на сезоната Себастијан Фреј се вратил во Интер и Перуци бил продаден на Лацио.

Лацио[уреди | уреди извор]

Во летниот преоден рок пред почетокот на сезоната 2000-2001, шампионот на Италија, Лацио го купил Перуци. Во тимот од престолнината играл седум години и направил над 200 настапи.

Во 2000 година тој го освоил италијански Суперкуп (4-3 победа над Интер), а во 2004 година тој победил во италијанскиот куп (2-0 и 2-2 во двата натпревари во финалето против Јувентус). Во некои од натпреварите тој ја носел и капитенската лента. Како играч на Лацио тој играл трипати во Лигата на шампионите и дошол до третото место во првенството на Италија во два наврати.

Тој го најавил неговото пензионирање од фудбалот на 29 април 2007 по завршувањето на римското дерби помеѓу Рома и Лацио, кое завршило 0-0. На 37 години, последниот настап во својата кариера, Перуци го имал појавувајќи се во последните минути од натпреварот Лацио-Парма одигран на 20 мај 2007, како негов славенички поздрав.

Репезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој го направил своето деби во фудбалската репрезентацијата на Италија на 25 години, во натпреварот Италија-Естонија 4-1 на 23 март 1995.

Под водство на Ариго Саки, Перуци станал прв голман и учествувал на Европското првенство во 1996, каде што Италија била елиминирана во првиот круг.

Како во клубот, така и во репрезентацијата на Аѕурите, неговата кариера бил погодена од повреди кои ги ограничиле неговите настапи. Тој всушност го прескокнал Светското првенство 1998, за кое тој бил поканет како прв голман, но поради повреда му ја препуштил таа позиција на Џанлука Паљука.

Во 2004, по 5 годишно отсуство, тој се вратил во националниот дрес кога селектор бил Трапатони, кој го поканил него за настап на Европското првенство 2004 како трет голман. За крај, на возраст од 36, тој добил повик за настап и на Светското првенство 2006 како втор голман, замена на Џанлуиџи Буфон. Имено, на тоа првенство Италија станала шампион, а Перуци заработил златен медал.

Тој собрал вкупно 31 настап за националната селекција.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-03-1995 Салерно Италија Италија 4 – 1 Естонија Естонија Квал. за Евро 1996 -1
29-03-1995 Киев Украина Украина 0 – 2 Италија Италија Квал. за Евро 1996 -
06-09-1995 Удине Италија Италија 1 – 0 Словенија Словенија Квал. за Евро 1996 -
11-11-1995 Бари Италија Италија 3 – 1 Украина Украина Квал. за Евро 1996 -1
15-11-1995 Реџо Емилија Италија Италија 4 – 0 Литванија Литванија Квал. за Евро 1996 -
24-01-1996 Терни Италија Италија 3 – 0 Велс Велс Пријателска - заменет 45'
29-05-1996 Кремона Италија Италија 2 – 2 Белгија Белгија Пријателска -2
01-06-1996 Будимпешта Унгарија Унгарија 0 – 2 Италија Италија Пријателска - заменет 45'
11-06-1996 Ливерпул Русија Русија 1 – 2 Италија Италија Евро 1996 -1
14-06-1996 Ливерпул Чешка Чешка 2 – 1 Италија Италија Евро 1996 -2
19-06-1996 Манчестер Германија Германија 0 – 0 Италија Италија Евро 1996 -
22-01-1997 Палермо Италија Италија 2 – 0 Северна Ирска Северна Ирска Пријателска -
12-02-1997 Лондон Англија Англија 0 – 1 Италија Италија Квал. за СП 1998 -
29-03-1997 Трст Италија Италија 3 – 0 Молдавија Молдавија Квал. за СП 1998 -
02-04-1997 Хоржов Полска Полска 0 – 0 Италија Италија Квал. за СП 1998 -
30-04-1997 Неапол Италија Италија 3 – 0 Полска Полска Квал. за СП 1998 -
04-06-1997 Нант Италија Италија 0 – 2 Англија Англија Турнир во Франција -2
10-09-1997 Тбилиси Грузија Грузија 0 – 0 Италија Италија Квал. за СП 1998 -
11-10-1997 Рим Италија Италија 0 – 0 Англија Англија Квал. за СП 1998 -
15-11-1997 Неапол Италија Италија 1 – 0 Русија Русија Квал. за СП 1998 -
28-01-1998 Катанија Италија Италија 3 – 0 Словачка Словачка Пријателска -
22-04-1998 Парма Италија Италија 3 – 1 Парагвај Парагвај Пријателска - заменет  45'
05-09-1998 Ливерпул Велс Велс 0 – 2 Италија Италија Квал. за Евро 2000 -
18-11-1998 Салерно Италија Италија 2 – 2 Шпанија Шпанија Пријателска -2
16-12-1998 Рим Италија Италија 6 – 2 World Stars World Stars Пријателска -2 заменет 45'
10-02-1999 Пиза Италија Италија 0 – 0 Норвешка Норвешка Пријателска -
28-04-2004 Џенова Италија Италија 1 – 1 Шпанија Шпанија Пријателска -1 влегол во игра 46'
08-06-2005 Торонто Италија Италија 1 – 1 Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора Пријателска -1
03-09-2005 Глазгов Шкотска Шкотска 1 – 1 Италија Италија Квал. за СП 2006 -1
07-09-2005 Минск Белорусија Белорусија 1 – 4 Италија Италија Квал. за СП 2006 -1
08-10-2005 Палермо Италија Италија 1 – 0 Словенија Словенија Квал. за СП 2006 -
Вкупно Настапи 31 Голови -17

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Од 2008 до 2010 тој бил дел од персоналот во репрезентацијата на Италија, како технички соработник на селекторот Марчело Липи.

На 22 октомври 2010 бил именуван за помошник тренер на репрезентацијата на Италија под 21-на година, во период кога селектор бил Чиро Ферара .

На 2 јули 2012, како резултат на задоволството на Ферара од Перуци, тој го назначил својот поранешен соиграч (Перуци, од сезоните во Јувентус) за помошник и во Сампдорија, која Ферара ја презел малку порано истото лето. По серија лоши резултати, Ферара бил отпуштен заедно со Перуци.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Италија Лацио[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Италија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ферара нов тренер, Перуци негов асистент: Презентацијата закажана за понеделник“ (италијански). FIGC.it. октомври 22, 2010. Архивирано од изворникот на 2012-08-29. Посетено на 22 октомври 2010.
  2. Перруци: una porta sul futuro
  3. Анџело Перуци вмешан во допинг скандал[мртва врска]
  4. Анџело Перуци суспендиран
  5. „плеер - На Целосно panini 1961-2012“. Сендвичи. 25 јуни 1991. стр. 10. Отсутно или празно |url= (help)CS1-одржување: датум и година (link)
  6. Angelo Peruzzi, il "cinghialone" aspetta il si di Lotito[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]