Мал тетреб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мал тетреб
Мал тетреб — мажјак
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Фамилија: Фазани
Потфамилија: Тетреби
Род: Тетреб
Вид: Мал тетреб
Биномен назив
Tetrao tetrix
(Linnaeus, 1758)
Синоними[1]

Lyrurus tetrix L.
Lyurus tetrix

Малиот тетреб или лирест тетреб (науч. Tetrao tetrix) е голема птица од потфамилијата на тетребите (Tetraoninae). Птицата е непреселничка, а се размножува ширум северна Евроазија во вресишта и тресетишта покрај кории, претежно од северен тип. Овој тетреб е во блиско сродство со кавкаскиот. Го има и во Македонија.[2]

Женката е сивкасто-кафеава по боја и се огласува со гакање. Гнездото го прави сама и самата се грижи за пилињата, што е типично за ловните птици.

Опис[уреди]

Малиот тетреб е всушност голема птица. Мажјаците се долги околу 53 см и тежат од 1 до 1,5 кг, додека пак женките се долги 40 см, со тежина од 750 гр до 1 кг.[3] Мажјаците имаат карактеристично црно перје, црвен подбрадок и бело обрабовање на крајот од крилата. Опашката има облик на инструментот лира, па оттаму овој вид се нарекува и „лирест“. Се огласуваат силно, со гугуткави извици.[3]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Покрај Македонија и Балканот, малиот тетреб живее низ поголем дел на Европа, од Велика Британија (но не во Ирска), ширум Скандинавија и Естонија, заклучно со Русија. Во источна Европа се среќава во Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Белорусија, Романија и Украина. Присутен е на Алпите и преостанати изолирани групи во Германија, Франција, Белгија и Холандија.[3] Во Данска се смета за исчезнат од 2001 г.

Парење[уреди]

Оваа птица има особено карактеристичен обред на парење. Напролет, уште во мугрите, мажјаците излегуваат на обичајно определен простор и „се топорат“ и се огласуваат со посебни извици за да го привлечат вниманието на женките. Овие собирања во западна Европа се ограничени на 40 птици, но во Русија знаат да достигнат од 150 до 200 учесници.[3]

Наводи[уреди]

  1. Tetrao tetrix на Avibase
  2. Некритички список на птиците во Македонија — Методија Велевски, Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „The Birds of the Western Palearctic [Abridged]“. OUP. 1997. ISBN 0-19-854099-X. 

Надворешни врски[уреди]